Прејди на содржината

Охридски мренец

Од Википедија — слободната енциклопедија
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Gobio|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Охридски мренец
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Gobio
Вид: Охридски мренец
Научен назив
Gobio ohridanus
Karaman, 1924

Охридскиот мренец (Gobio ohridanus) — вид на риба која е мала и слатководна, од семејството крапови. Ендемичен вид е на Охридското Езеро во Македонија и Албанија.

Опис и распространетост

[уреди | уреди извор]

Охридскиот мренец припаѓа на семејството Cyprinidae. Охридскиот мренец има вретенесто и издолжено тело, релативно крупна глава со крупни очи. Бојата на телото на грбот е сивозелена до сивокафеава, страните се сребренесто сиви, а долната страна е бела. На грбот ина неправилни ситни флеки, од страната на телото понекогаш се јавуваат покрупни флеки. На грбната и опашната перка има повеќе реда неправилни црни точки, а некогаш се појавуваат и на градните перки. Градните перки се релативно широки и јаки со жолтеникаво портокалова боја. Има долна уста, а на аглите се наоѓа еден пар добро развиени мустаќи. Стомачните и аналната перка се изразито бели. Охридскиот мренец е ендемичен вид за Охрид - Црн Дрим - Скадар екосистемот.[2]

Основни биолошки одлики

[уреди | уреди извор]

Охридскиот мренец полово созрева од втората до четвртата година од животот при должина од 6 до 8 см. Се мрести во пролет, мај и јуни, порционо, и тоа на песокливо дно. Икрата е леплива и се прилепува со честичките од песок. Плодноста изнесува од 1000 до 3000 јајца кои имаат пречник од околу 2 мм. Развојот на ембрионот во нив најчесто трае седум до десет дена. Охридскиот мренец во Езерото нараснува до 15см. во должина и 30 грама во тежина и живее во мали јата при дното, каде ја бара храната. Подмладокот на Охридскиот мренец се хранат со ситни без’рбетници, а возрасните со ларви од хиромониди, ситни мекотели, икра од други риби и со растителна храна.[2]

Месото на Охридскиот мренец е многу вкусно. Порано поголеми количини се извезувале во Франција поради тоа што месото е посебно ценета и од него се прават специјалитети. Кај нас не е ценета поради малата големина и не е застапена во ловините на рекреативните риболовци.[2]

  1. Freyhof, J. & Kottelat, M. 2008. Gobio ohridanus. The IUCN Red List of Threatened Species 2008: e.T135543A4141631. https://dx.doi.org/10.2305/IUCN.UK.2008.RLTS.T135543A4141631.en. Downloaded on 07 March 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 [ http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.М бр.145 2011 година]
  • Froese, Rainer and Pauly, Daniel, eds. (2012). "Gobio ohridanus" in FishBase.