Островот на Ним
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Островот на Ним (Nim’s Island) | |
|---|---|
| Режисер | Џенифер Флекет Марк Левин |
| Продуцент | Кери Гранат |
| Сценарист | Венди Ор (книга) |
| Главни улоги | Абигаил Бреслин Џоди Фостер Жерард Бутлер Алфонсо МекАули Морган Грифин |
| Жанр | авантура комедија |
| Дистрибутер | 20th Century Fox |
| Премиера | 4 април 2008 |
| Земја | |
| Јазик | англиски |
| IMDb | ID 0410377 |
| Веб-страница | http://www.nimsisland.com/ |
Островот на Ним (англиски: Nim’s Island) е авантура, комедија – филм од 2008 год. Филмот е заснован според истоимената книга од Венди Ор. Светската премиера на филмот се одржа на 4 април 2008. Филмот доби различни прифаќања од публиката. На 10 април порталот Ротен Томатос го оцени филмот 49% позитивни критики од 80 вкупно.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Ним (Абигаил Бреслин) е осамено девојче кое живее на напуштен остров со својот татко научник. Таа ги поминува деновите во луди авантури во шумите со своите пријатели животните и својата откачена фантазија. Ним е пасионирана читателка на книги, особено возбудливите авантури на авторот Алекс Ровер. Една вечер кога татко и ќе се загуби при пловидба, Ним му праќа писмо на својот омилен автор со молба да и помогне. Но, Ним не знае дека Алекс Ровер е всушност жена. Александра (Џоди Фостер) е агорафобична (фобија од отворен простор) и никогаш не ја напуштила својата куќа. Но, и таа има луда фантазија - за неа Алекс Ровер е измислен лик со кој постојано се дружи. Меѓутоа, кога ќе го добие писмото од Ним, ќе собере храброст да излезе од дома и да и помогне. Во авантурата придружува ја измислениот пријател
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Абигаил Бреслин | Ним Русо |
| Џоди Фостер | Александра |
| Жерард Бутлер | Џек Русо / Алекс Ровер |
| Алфонско МекАули | Расел |
| Морган Грифин | Алиса |
| Мајкл Карман | Капетан |
| Кристофер Бакер | Ензин |