Прејди на содржината

Остра млечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Остра млечка
Примерок во Команстер, Белгија
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Млечки
Вид: Остра млечка
Научен назив
Lactarius acris
(Bolton) Gray, 1821

Остра млечка (науч. Lactarius acris) — габа од родот млечки во семејството на гулапките (Russulaceae). Се среќава во Европа и за првпат е опишан во 1821 г. од британскиот ботаничар Семјуел Фредерик Греј.[1] Се смета за невкусна поради силниот вкус, но горчината може да се отстрани со миење и солење.[2]

Ова е единствениот вид од родот чие млеко станува розово по кратка изложеност на воздух. Шапката има пречник помеѓу 5 и 8 см и со костеново кафеава боја, а станува леплива кога е влажна.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Lactarius acris“. www.mycobank.org. Посетено на 2019-08-14.
  2. Bon, Marcel, уред. (2005). Pareys Buch der Pilze (германски). Stuttgart: Franckh-Kosmos Verlag. стр. 96. ISBN 3-440-09970-9.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]