Прејди на содржината

Ограбувачи (филм од 1942)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ограбувачи (англиски: The Spoilers) - американски филм од 1942 година, во режија на Реј Енрајт, по сценариото на Лоренс Хазард. Во главните улоги настапуваат: Џон Вејн, Марлен Дитрих, Рандолф Скот, Хари Кери итн. Филмот е снимен според романот на Рекс Бич и имал една номинација за наградата „Оскар“.[1]

Дитрих и Роберт В. Сервис на сетот.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува во 1900 година, на Алјаска, за време на Златната треска. Рој Гленистер (го игра Вејн) и неговиот другар Декстри се борат да го сочуваат своето право да бараат злато, а финансиска поддршка им дава забавувачката од салунот Чери Малот (ја игра Дитрих). Од друга страна, нечесниот пратеник Александар Макнамара сака да ги измами...[2]

  1. „HRT (пристапено на 15.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-23. Посетено на 2017-11-25.
  2. „HRT (пристапено на 15.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-23. Посетено на 2017-11-25.