Овошен сок
Овошен сок е вид на безалкохолен пијалак кој се добива со цедење на сокови од овошјата. Најшироко, постојат два вида на овошни сокови: бистри (со поголем процент на вода) и густи (со помал процент на вода). Во соковите се додаваат и адитиви, чија функција е добивање на соодветни бои и укуси на сокот, а во некои од овие сокови се додава и шеќер. Соковите во најголемиот дел се пакуваат во специјална, пластична и привлечна амбалажа.
Видови сокови
[уреди | уреди извор]Соковите се делат на повеќе категории. Една од поделбите може да биде на бистри и густи сокови. Бистрите сокови имаат поголем процент на вода, а густите имаат повеќе овошни делови. Соковите можат да бидат газирани или негазирани. Негазираните сокови се најчесто вистински овошни сокови. Такви се на пример: свежо цедени и повеќето индустриски сокови. Од друга страна, газираните сокови содржат индустриски додаден јаглерод диоксид. Во соковите што се произведени индустриски се додадени адитиви за боја или вкус, а во некои се додава и шеќер.Најчесто се пакуваат во пластична или стаклена амбалажа.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Овошен сок“ на Ризницата ? |