Обичен тажник
Обичен тажник | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Рози |
Род: | Тажник |
Вид: | Обичен тажник |
Научен назив | |
Filipendula vulgaris Moench |
Обичен тажник или само тажник (науч. Filipendula vulgaris) — повеќегодишна билка од семејството на розите (Rosaceae). Вирее на суви пасишта ширум најголемиот дел од Европа, како и Средна и Северна Азија. Присутно е и во Македонија.[1]
Раст
[уреди | уреди извор]Има ситни зраковидни ливчиња налик на папрат и исправено стебленце со висина од 20-50 см.[2] и проретчено соцветие на крајот. Овие минијатурни цветчиња се распоредени во густи китки и излегуваат доцна напролет и траат до средината на летото. Кога ќе се смачкаат, листовите и корењата оддаваат мирис многу сличен на масло од зимзелен (Gaultheria procumbens).
Растението претпочита целосна изложеност на сонце. Трпи сушни услови подобро од другите членови на родот.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Растението никнува од семе, а потоа може да се размножи од ползечките корења.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Обичен тажник (Filipendula vulgaris Moench)“. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. (англиски)
- ↑ C A Stace, Interactive Flora of the British Isles, a Digital Encyclopaedia: Filipendula vulgaris Архивирано на 8 јуни 2011 г. ISBN 90-75000-69-3
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Обичен тажник“ на Ризницата ? |