Обертирова дебелоглавка
Oberthür's grizzled skipper | |
---|---|
Pyrgus armoricanus | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Pyrgus |
Вид: | Oberthür's grizzled skipper |
Научен назив | |
Pyrgus armoricanus (Oberthür, 1910) |
Обертировата дебелоглавка (Pyrgus armoricanus) е пеперутка од семејството на пеперутки Дебелоглавки. Името на пеперугата поткенува од познатиот француски ентомолог Шарл Обертир, кој патем бил прв што ја опишал. Пеперугата ја има и во Македонија.
Подвидови
[уреди | уреди извор]Подвидови на пеперугата се:[1]
- Pyrgus armoricanus maroccanus Picard, 1950 (Алжир и Мароко)
- Pyrgus armoricanus persicus (Reverdin, 1913)
Распространетост
[уреди | уреди извор]Пеперугата може да се најде низ цела Европа, но почеста е во јужниот дел на континетот.[2] Исто така се наоѓа и во северозападна Африка. Овие пеперуги воглавно се среќаваат покрај сушни карпести предели до 1800 метри надморска висина.
Опис
[уреди | уреди извор]Пеперугата има распон на крилја од 24–28 мм. Двете крилја имаат бел раб по должината на крилјата. Горната страна на предниот дел им темнокафеава боја со добро развиени бели ознаки. Долната страна на задните ленти има бледо црвеникаво-кафеава боја. Мажјаците и женките се слични по изглед.
Како и другите дебелоглавки, многу тешко е да се препознае во полето. Јајцата се жолтеникави и округли. Гасениците имаат силни и кратки влакна, кои се темнокафени.
Биологија
[уреди | уреди извор]Пеперутката лета од мај до јуни, а во јужните делови на Европа има и втора генерација во август и септември. Возрасните од втората генерација е помали од тие од првата. Јајцата се полагаат поединечно на листови од растенија.
Ларвите се хранат со Potentilla tabernaemontani, Potentilla reptans, Potentilla arenaria, Potentilla pedata и Fragaria vesca.[1]
Литература
[уреди | уреди извор]- Juan L. Hernandez-Roldan at al. Comparative analysis and taxonomic use of the morphology of immature stages and natural history traits in European species of Pyrgus Hübner (Lepidoptera: Hesperiidae, Pyrginae)
- V. K. Tuzov et al.: Guide to the Butterflies of Russia and adjacent territories. 480 S., Sofia und Moskau 1997
- Erik Öckinger: Possible Metapopulation Structure of the Threatened Butterfly Pyrgus armoricanus in Sweden. Journal of Insect Conservation, 10(1): 43–51, London 2006 doi:10.1007/s10841-005-1249-7
- Nimet Sema Gençer, Orkun Barış Kovanci und Bahattin Kovanci: Distribution and Current Status of Hesperiidae and Pieridae Species (Lepidoptera) Occurring in Bursa Province, Northwestern Turkey. Turkish Journal of Zoology, 33: 215-223, Ankara 2009 doi:10.3906/zoo-0802-8
- Vadim V. Tshikolovets: Butterflies of Eastern Europe, Urals and Caucasus. 176 S., Selbstverlag von V. Tshikovolets, Kiew & Brünn 2003 ISBN 966-02-2861-9.
- Whalley, Paul - Mitchell Beazley Guide to Butterflies (1981, reprinted 1992) ISBN 0-85533-348-0
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Funet
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-02-18.
„Обертирова дебелоглавка“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Список на пеперутки во Македонија (македонски)
- Lepiforum.de (германски)
- Пеперутки во Ерменија (ерменски)(англиски)
|