Обединист
Изглед
| Тип | месечен весник |
|---|---|
| Уредник | Васил Ивановски Стефан Нанов |
| Основан | 1 февруари 1935 |
| Политичка определба | комунизам |
| Јазик | бугарски |
„Обединист“ бил нелегален месечен весник на бугарски јазик издаван во Софија, орган на ВМРО (Обединета). Тој започнува да се издава од 1 февруари 1935 година во нелегална печатница. Одговорен уредник на весникот бил Стефан Нанов, а повремено во него пишувал и Васил Ивановски. Од весников излегле 5 броја, а во првиот број во статија насловена како „Нашите задачи“ се претставуваат целите на организацијата. Тој прекинува со работа во месец јули истата година.
| Оваа статија за историјата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |