ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„„Св. Климент Охридски““
Место
Општина: Битола
Нас. место: Битола
Основни информации
Директор: Андријана Мигуловска
Контактни информации
Мреж. место http://ohridskikliment.wix.com/kliment
Изглед на Училиштето.jpg

Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се наоѓа во населбата Нова Битола, во Битола, општина Битола.

Ресурси[уреди | уреди извор]

Училиштето располага со следните 2 специјализирани училници за подготвителна настава, 10 универзални училници за одделенска настава, 11 универзални училници за предметна настава, специјализирани кабинети за информатика и ТО, библиотека со значителен книжевен фонд поврзана со читална, модерна фискултурна сала според високи стандарди со трибини, семафор, туш-кабини и други спортски терени. Во склоп на училиштето има исто така и амбуланта, високо стандардизирана трпезарија со кујна и посебен административен дел.

Училиштето располага со два телевизора, еден DVD плеер, еден видеорекордер, десет графоскопи, еден скенер, четири печатача, една фотокопир-машина, 22 касетофони, три дијапроектори и два епископи.

Финансирање[уреди | уреди извор]

Освен средствата што ги обезбедува Министерството за образование и наука, училиштето обезбезбедува сопствени приходи од донации од родители, спонзорства, провизии од списанија, училишна кујна, посета на кина, театри, концерти екскурзии и викенди, како и издавање на фискултурната сала на спортски клубови.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

  • Учество и освено прво место на регионалниот натпревар по физика 2007
  • Учество и освоено прво место на 44-тата олимпијада на млади техничари и природници 2007
  • Учество и освоено второ место на регионален натпревар по Англиски јазик 2010 - Емир Сулејман.
  • Учество и освоено трето место на републички натпревар по Англиски јазик 2010 - Емир Сулејман.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]