Прејди на содржината

ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш“ - Тетово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреја Савески-Ќиќиш
Место
Општина: Општина Тетово
Наречено по: Андреја Савески-Ќиќиш
Нас. место: Тетово
Адреса: ул. „Иво Рибар Лола“, бр. 46
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1956; пред 68 години (1956)
Директор: Дијана Петровска
Број на ученици: 270
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Мреж. место oouaskikis.wordpress.com/
Е-пошта ou-andrejasavevskikjikjish-tetovo@schools.mk
Телефон 044/336-020
Факс 044/336-020


Основно училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ (официјално: Основно општинско училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ - Тетово; скратено: ООУ „Андреја Савески-Ќиќиш“) — централно основно училиште во градот Тетово, Општина Тетово.[1]

Името на училиштето е во чест на Андреја Савески-Ќиќиш.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во минатото училиштето се наоѓало на местото на денешната гимназија и поранешно медициско училиште покрај реката Пена во центарот на градот. Училиштето својата воспитно-образовна дејност ја остварува од 1956 година, а во денешната зграда од 1961 година.

Некогаш училиштето имало околу 800 ученици, додека денес има нешто помеѓу 250 и 300 ученици. Бројот на паралелки е 18 на македонски и 5 на албански јазик. Некогаш важело за видно училиште во Тетово и регионот.

Во 2023 година бил запишан само 1 ученик Албанец во училиштето со што биле загрозени албанските паралелки во училиштето.[2]

Познати личности кои учеле во ова училиште

[уреди | уреди извор]
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.
  2. Алсат (2023-05-11). „Во ОУ „Ќиќиш" само еден ученик Албанец се запиша во прво одделение“. Алсат ТВ. Посетено на 2024-12-19.