Нож во водата (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нож во водата (полски: Nóz w wodzie) - полски филм од 1962 година, во режија на Роман Полански, кој е автор и на сценариото, заедно со Јежи Сколимовски и Јакуб Голдберг. Главните улоги ги играат: Леон Њемчик, Јоланта Умецка и Зигмунт Маланович. Филмот ја освоил наградата FIPRESCI на Венецијанскиот филмски фестивал, а бил кандидат за „Оскар“ за најдобар странски филм.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Анджеј (го игра Њемчик) и Кристина (ја игра Умецка) се брачен пар кој оди на едрење. Патем, тие качуваат едно младо момче (го игра Маланович) кое стопира. Кога пристигнуваат на [[пристаниште]то, момчето сака да се замине, но тие го канат на својата едрилица. За време на едрењето, Анджеј постојано настојува да го понижи момчето, кое нема искуство во едрењето, а тоа пак настојува да го придобие вниманието на убавата Кристина. Кога ги фаќа невреме, тие мора да се засолнат во трските, каде ја поминуваат ноќта. Утредента, Кристина и момчето стануваат порано, а љубоморниот Анджеј го фрла ножот на момчето во езерото. Тогаш почнува тепачка меѓу нив и Анджеј го турка момчето во водата. Момчето потонува, а Анджеј и Кристина помислуваат дека тоа се удавило. Кристина го обвинува сопругот за убиството и меѓу нив започнува кавга така што Анджеј ја напушта едрилицата и плива до брегот. Тогаш, момчето излегува на површината на водата и доаѓа на едрилицата, каде води љубов со Кристина. Потоа, момчето си заминува, а Кристина се среќава со Анджеј на пристаништето. Таа му кажува дека момчето не е мртво и дека таа водела љубов со него.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]