Ниулакита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ниулакита
Niulakita
Остров
Ниулакита се наоѓа во Тувалу
Ниулакита
Местоположба во Тувалу
Координати: 10°45′ ЈГШ 179°30′ ИГД / 
Држава Тувалу
Надм. вис. 4,6 м
Население (2002)
 • Вкупно 35

Ниулакита е најјужниот остров во Тувалу, кој воедно е и еден од деветте окрузи на државата. Ниулакита е името и на селото на островот. На Ниулакита функционира основното училиште Лотоалофа. Ниулакита не бил населен до 1949 година, кога се преселиле неколку жители од пренаселениот Ниутао. Порано островот се нарекувал Ла Солитарија, Независност, Софија и Карпест Остров, во зависност од колонизаторите.

Географија[уреди | уреди извор]

Ниулакита е остров кој има население од само 35 жители според пописот од 2002 година. На островот има чеитири бари или мали езерца. Во селото има манеаба, кој служи за собир и рекреација на луѓето и таква има на секој остров во Тувалу. Островот има овален облик и на островот се наоѓа највисоката точна во цело Тувалу која изнесува 4.6 метри надморска височина. Околу островот има корален гребен кој го отежнува сообраќајот и трговијата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]