Прејди на содржината

Ниутао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ниутао
Niutao
Остров
Сателитска снимка на островот.
Сателитска снимка на островот.
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Тувалу" does not existМестоположба во Тувалу
Координати: 06°06′30″S 177°20′29″E / 6.10833°S 177.34139°E / -6.10833; 177.34139
ДржаваТувалу
Население (2002)
  Вкупно663

Ниутао е остров во Тувалу и еден од окрузите во земјата. Ниутао според пописот од 2002 година имал население од 663 жители и главно село е Кулија.

Географија

[уреди | уреди извор]

На островот има две мали езерца или бари. Поголемото езерце има три островчиња во него. На островот има две села, Кулија и Теава, а главно село е Кулија. Исто така, на Ниутао има училиште, манеапа, црква, пошта, три бунара, гробишта и болница. Околу островот има корален гребен кој го отежнува сообраќајот и трговијата.

Население

[уреди | уреди извор]

Њутон (1967)[1] проценил во 19 век дека Ниутао има население од 450 жители. Покрај тоа, за островот се дале и следните проценки:

Муреј 1866Витми 1870Морзби 1872Гил 1872Попис 1963
700360417417797
Неројатна надпроценка100 на други острови
мисионермисионерКапетан Морзбимисионер

Во 1949 островот бил пренаселен и дел од луѓето се преселиле на ненаселениот Ниулакита. Според пописот од 2002 година, на островот функционирале следните села: Кулија со 224 жители и Теава со 439 жители.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

На островот има мрежа на асфалтирани и неасфалтирани патишта. На островот нема железничка или аеродром.

Значајни личности

[уреди | уреди извор]
  • Тому Сионе, поранешен генерален гувернер на Тувалу и претседател на Собранието.
  • Тавау Теи, премиер на Тувалу и Министер за природни ресурси.
  1. W.F. Newton, The Early Population of the Ellice Islands, 76(2) (1967) The Journal of the Polynesian Society, 197-204.

Поврзано

[уреди | уреди извор]