Ники Крафт

From Википедија
Jump to navigation Jump to search

Ники Крафт (родена во 1949) е американска политичка активистка, радикална феминистка, уметничка и писателка.

Активизам[edit | edit source]

Во 1979 година, Крафт помогна во организирањето на првиот Анти-Мис Калифорнија протест во Санта Круз, Калифорнија. Во 1980 Крафт им се придружи на демонстрантите и во текот на следните девет години спроведила многи активности, вклучувајќи фрлање на сурово месо на сцената и фрлање на крвта на силуваните жени низ влезната врата на Мис церемонијата. Една година тројца мажи се појавиле на сцената, викајќи "Мажите го оспоруваат сексизмот! Мажите го оспоруваат сексизмот!" спречувајќи го крунисувањето се додека не биле протерани. Имаше многу апсења, и секоја година анти-Мис протестите растеле што подоцна резултираше со Мис Калифорнија церемонијата да го напушти Санта Круз. Протестите продолжија во Сан Диего и во 1988 година, откако церемонијата го напушти Санта Круз и се пресели во Сан Диего, победничката на локалната церемонија откри банер на нејзиниот градник на државното финале на кои пишуваше "Мис церемониите ги повредуваат сите жени." Документарен филм наречен Мис... или мит? ги испитува овие протести.[1]

Во 2001 година протестирала против војната во Авганистан и ги повика другите феминистки да го сторат истото.[2] Во 2005 година, таа го создаде веб-сајтот "Hustling the Left", критикувајќи лидери во левицата и прогресивните движења кои објавиле написи, интервјуа и изразиле јавна соработка со Лари Флинт и неговото списание, Hustler. Веб-сајтот го зеде името од еден напис од феминистката Аура Богадо, која ја протестирала промоцијата за поддршка на Флинт од страна на анти-воената група Не во Наше Име.


Надворешни врски[edit | edit source]

Наводи[edit | edit source]

  1. Canby, Vincent. „Movie Review – Miss... or Myth – Film: 'Gap-Toothed Women,' 'Miss . . . or Myth?' - NYTimes.com“, „The New York Times“, 16 септември 1987 (посет. 23 март 2009 г).
  2. „A Call on Feminists To Protest The War Against Afghanistan“, September 11, 2001: Feminist Perspectives: 151–155, published in 2002 by Spinifex Press and archived at No Status Quo