Нгубу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нгубу
Protoceratops silhouette.svg
ВидКриптид
ПодвидЖив диносаурус”,
Подрачје Камерун
Живеалиштесавана
Илустрација.
илустрација на наводниот изглед на Нгубу (вид Thureoceratops phortizo)
Илустрација.
илустрација на наводниот изглед на Нгубу (вид Thureoceratops duoceratus)

Нгубу (англиски: Ngoubou) е криптид кој наводно се појавува во саваните во Камерун[1]. Опис на овој криптид е сличен на криптидот Емела-нтоука[2].

Потекло и значење на називот[уреди | уреди извор]

Името на оваа суштество во превод значи „ѕвер кој напаѓa“.

Други назив[уреди | уреди извор]

Друг назив за овој криптид е Туреоцератопс (Thureoceratops),

Опис на криптидот[уреди | уреди извор]

Постојат два описа за оваа суштество:

  • Опис во кој наликува на диносаурус од групата Цератопси[3] наликува на Стиракосаурус (Thureoceratops phortizo / Neostyracosaurus camerooensis);
  • Опис во кој наликува на диносаурус од групата на Цератопси, односно Трицератопс[3] (Thureoceratops duoceratus);

Нгубу[уреди | уреди извор]

Според овој опис, Нгубу е тревојад кој наликува на Стиракосаурус, висок е 3,5 метри, долг 7,32 метри а тежок 5,9 тони и има седум рогови (еден на носот и шест на крестата околу главата). Нгубу е територијално животно и се бори со слоновите за територија. Нгубу живее во помали групи и ги брани своите млади од предатори.

Нгубу[уреди | уреди извор]

Според овој опис, Нгубу е тревојад кој личи на Трицератопс, висок е 1,82 метри, долг е 4,57 метри, а тежок е 1,81 тони и има два големи рога погоре од очите и еден мал на носот. Нгубу е територијално, но и многу љубопитно животно, и се бори со слонови за територија и покрај тоа што е помал од нив. Нгубу живее во помали стада и ги брани своите млади од предатори.

Хронологија не средби со оваа суштество и видувања[уреди | уреди извор]

  • Бернард Хувелманс во својата книга „На трагот на непознатите животни“ (On the Track of Unknown Animals) забележал видувење на животно кое одговара на описот. Во 1919 година, на 17 ноември, во весникот „Тајмс“ (The Times) излегла статија за средба со оваа суштество. Сведок на настанот бил човек познат под името Лепаге кој бил шеф на изградба на железничката пруга во тогаш Белгиско Конго. Тој изјавил дека за време на лов во џунгла се сретнал со „неверојатно чудовиште“ кое јуришало на него. Тој пукал во сустештвото, но бил приморан да бега додека тоа го прогонувало. По некое време престанало да го брка и тој можел од поблиску да го види суштеството преку двоглед. Како што тој вели, животното било долго 7,32 метри и прекриено со крлушки, имало кукаста рилка над која бил еден рог, на главата рогови свиткани како извиени коски кои одат на страна, предните нозе со стапалата наликувале на копита, задните нозе билее слични само со кратки тапи канџи на стапалата, и грпка над рамената.[4]
  • Во новембри 2000 година, Вилијам Гибонс направил прелиминарно истражување во Камерун пред истражувањето дали постои Мокеле-Мбембе. Во текот на својата посете кај еднa група Пигмејци ги слушнал приказните за суштество кое го нарекуваат Нгубу. Иако "нгубу" исто така е локален назив за носорог, Пигмејците тврделе дека тоа суштество не е носорог бидејќи имало повеќе рогови. Еден пигмеец тврдел дека убил слично суштество неколку години пред Гибонсовата посета.

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cryptomundo.com » The NgoubouШаблон:Ботовски наслов
  2. Mackal, Roy P. A Living Dinosaur? In Search of Mokele-Mbembe; Leiden: E.J. Brill, 1987. ISBN 90-04-08543-2
  3. 3,0 3,1 CeratopsiansШаблон:Ботовски наслов
  4. On the Track of Unknown Animals by Bernard Heuvelmans, Kegan Paul, 3rd revised edition, 1995. ISBN 0-7103-0498-6

Надворешни врски[уреди | уреди извор]