Емела-нтоука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емела-нтоука
Emela-ntouka.png
Илустрација на наводниот изглед
Видкриптид
Подвид"Жив диносаурус", Езерско чудовиште
Подрачје Република Конго Замбија
Живеалиштемочуришта во Република Конго, езеро Бангвелу во Замбија

Емела-нтоука (англиски: Emela-ntouka) е криптид од Република Конго кој се појавува во митологијата на Пигмејските племиња. Исто така се наведува дека живее на подрачјето на езерото Бангвелу во Замбија. Описот на Емела-нтоука наликува на криптидот Нгубу.

Потекло и значење на називот[уреди | уреди извор]

Името на оваа суштество доаѓа од Лингала јазикот што во превод значи "убиец на слонови".

Други називи[уреди | уреди извор]

Овој криптид е познат уште како:

  • Асека-моке (Aseka-moke),
  • Нјаго-гунда (Njago-gunda),
  • Иризима (Irizima),
  • Нгамба-намае (Ngamba-namae)[1],
  • Дриптоцератопс хидроенсис (англиски јазик|Dryptoceratops hydroensis).

Опис на криптидот[уреди | уреди извор]

Емела-нтоука наводно наликува на диносаурус од групата Цератопс.[2] Висок е 3 метри, долг 6 метари, а тежок 6 тони. Има грпка на грбот, кожата и е кафеава или сива по боја слична со слоновата но без влакна, телото и е масивно и градено како кај носорог[3], сите четири нозе се здепасти и кратки и оставаат тропрст отпечатк голем како кај слон, опашката е дебела и долга и наликува на опашка кај крокодилот и има долг рог на носот. Животното е водоземни и вегетаријанец е кој се храни со лиснати билки. Се огласува со кратко режење и рикот. Многу е агресивно и територијално животно, и напаѓа слонови и други поголеми животни и ги брка од својата територија.

Хронологија на средби со ова суштество и видувања[уреди | уреди извор]

  • Во 1930 година наводно е убиена една Емела-нтоука во близина на градот Донгоуа (Република Конго);
  • Ј.Е. Хуџес во својата книга "Осумнаесет години на езерото Бангвеулу" (англиски јазик|Eighteen Years on Lake Bangweulu) од 1933 година, наведува дека неименувано животно (чиј опис одговара на Емела-нтоуку) е убиено на брегот на реката Луапула, кој го поврзува езерото Бангвелу и езерото Мверу, од страна на луѓе од племето Ва-Уши;
  • Емела-нтоуку прв пат се споменува во записите, под своето име, од 1954 година во статија во списанието "Мамалиа" (англиски јазик|Mammalia) од страна на тамошниот ликоуалски инспектор Луциена Бланкоа. Тој наведува дека Емела-нтоука е суштество поголемо од бизон и дека живее во ликоуаланските мочуришта (Република Конго). Исто така тој прв го споменал фактот дека Емела-нтоука убива слонови, бизони и водени коњи кога е вознемирена, исто како што Мокеле-Мбембе напаѓа водени коњи. Иако двете животни се вегетаријанци, исто така ја делат особината дека се територијални и дека тоа се причини зошто Пигмеите највеќе им се плашат од сите опасни животни.
  • Др. Рој П. Макал, кој предводел две експедиции во Република Конго во 1980 и 1981 година, ја наведува меѓу различни криптиди во својата книга "Живи диносауруси?" (англиски јазик|A Living Dinosaur?) од 1987 година и Емела-нтоука и сите записи кои ги собрал за неа[4];
  • Во втората епизода од планираната втора сезона на Новозеландски документарни емисии "Светски мистерии" (англиски јазик|World Mysteries) требало да биде интервј со човек кој тврди дека наишол на пцовисан труп на Емела-нтоукуа. Тој тврди дека уште го поседува рогот на оваа животно, кој тој го отсекол од трупот. Епизодата е снимена но никогаш не била прикажана.

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Cryptid Zoo: Emela-ntouka (or "Killer of Elephants")“. конс. 29. 12. 2009.. 
  2. „Emela-Ntouka: Africa's Killer of Elephants“. Cryptomundo. конс. 29. 12. 2009.. 
  3. Loren Coleman & Jerome Clark. Cryptozoology A-Z. New York: Simon & Schuster, 1999. Page 83
  4. Roy P. Mackal (1987) A Living Dinosaur? In Search of Mokele-Mbembe. E.J. Brill, Leiden.

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]