Нармер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нармер
Менес
Фараон на Египет
Владеелоколу 3150-3100 г. п.н.е., Прва династија
ПретходникКа'а (најверојатно), или Крал Шкорпија
НаследникНор-Аха
СопружнициНепознато: најверојатно Неитхотеп
ДецаНепознато: најверојатно Хор-Аха
Непознато: веројатно Неитхотеп
ЗакопанГроб B17 и B18, Ум ел Ка'аб

Нармер бил египетскиот фараон кој владеел во 32 век п.н.е.[1] Се верува дека Нармер го наследил кралот Шкорпија и станал основач на Првата династија. Многу археолози веруваат дека кралот Шкорпија е иста личност како Нармер.

Предната и задната страна на Нармерските палети, Египетски музеј во Каиро

Некои египтолози тврдат дека Менес и Нармер се иста личност, додека некои тврдат дека Менес е Хор-Аха и дека тој го наследил веќе обединетиот Египет од Нармер. Други тврдат дека Нармер го започнал обединувањето, а дека Менес го завршил.

Друга теорија тврди дека Нармер бил наследник на кралот кој успеал да го обедини Египет (веројатно тоа бил кралот Шкорпија). Треба да се нагласи дека постојат докази дека кралот Нармер постоел, додека Менес се споменува само на списокот на фараоните на Манетон и во легендата за фараонот наречен Менес. Списоците на кралеви кои се наоѓаат во гробниците на Ден и Ка'а го наведуваат Нармер како основач на нивната династија.

Жената на Нармер била најверојатно Неитхотеп, принцеза од северен Египет.

Прочуената палета на Нармер била откриена во 1898 година во Хиераконполис. Од една страна, таа го прикажува Нармер со бела круна, кој е наведнат да удри заробеник, што го држи богот Хор. Од друга страна, кралот и службениците најверојатно ги гледаат телата на мртви непријатели.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wilkinson 1999, стр. 67.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник:
Кралот Шкорпија
Египетски фараон
Прва династија
Наследник:
Хор-Аха