Награда „Пегаз“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Награда „Пегаз“ – книжевна награда за најдобар необјавен македонски роман на годината

Историјат[уреди | уреди извор]

Наградата „Пегаз“ е востановена во 2019 година, како своевидно продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Целта на наградата „Пегаз“ е да прерасне во книжевен скаут во потрага по квалитетно романескно остварување и по нови писателски гласови што ќе го унапредат овој книжевен вид во рамките на македонската книжевна продукција.

За наградата „Пегаз“[уреди | уреди извор]

Конкурсот за наградата „Пегаз“ e распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „ворд“ или во ПДФ-формат. Ракописите ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ, статуетка и објавување на романот во посебна едиција „Пегаз“.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“[уреди | уреди извор]

Откупени романи

Покрај доделувањето на наградата „Пегаз“, секоја година се откупуваат и романи од потесниот избор на конкурсот. Досега се откупени следниве романи:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Насон прочитана книга" од Соња Манџук – добитник на наградата „ПЕГАЗ" за најдобар необјавен роман на годината“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2023-11-10.
  2. Умно.мк, од (2021-06-29). „Онлајн-промоција на романот „Мртвите знаат најдобро" на Владо Јаневски - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-10.
  3. „Промовиран романот „Лазарка" од Љупчо Петрески – добитник на наградата „Пегаз" за 2020 година“. makpress.mk. Посетено на 2023-11-10.
  4. Димков, Тони (2022-04-10). „Книжевна награда „Пегаз" за романот „Хотел меѓу две војни" на Александар Русјаков“. Слободен печат. Посетено на 2023-11-10.
  5. Умно.мк, од (2022-12-22). „„Зелениот дворец" од Сибо ја доби наградата „Пегаз" за 2022 година - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-10.
  6. Сани (2023-12-25). „„Риба во(н) мрежа" од Jована Mатевска Aтанасова е добитник на наградата „Пегаз" за 2023 година“. Република. Посетено на 2023-12-26.
  7. „На „Саемот на книга" промовиран романот „Курвински хроники" од Александар Русјаков“. Hashtag. Посетено на 2023-11-10.
  8. „Избрани победниците на конкурсот за најдобар необјавен роман „ПЕГАЗ". Фактор Портал. Посетено на 2023-11-10.
  9. Умно.мк, од (2023-02-20). „Промовирани романите „Ние" на Ана Стојаноска и „Мастилна мапа" на Марија Ралповска - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-10.
  10. „Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз" во 2022 година“. Фокус (англиски). 2023-09-28. Посетено на 2023-11-10.