Велешко-прилепски народноослободителен партизански одред „Трајче Петкановски“
Изглед
(Пренасочено од НОПО „Трајче Петкановски“)
Партизански одред „Трајче Петкановски“ | |
---|---|
Активна | април 1944 - 2 септември 1944 |
Битки | НОБ |
Велешко-прилепски народноослободителен партизански одред „Трајче Петкановски“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.
Одредот е формиран кон крајот на април 1944 година, од 30 борци, разделени на групи по десет луѓе. Името го добил во чест на загинатиот партизан Трајче Петкановски. Овој одред дејствувал во околината на селата во областа Азот и Порече, и најчеста акција била напаѓање на бугарските полициски групи, диверзии на линијата Скопје-Велес, и друго. Во текот на септември 1944 година одредот брои 400 борци. Заедно со други партизани, на 2 септември 1944 година од овој одред е формирана осмата македонска ударна бригада.[1]
Дејци
[уреди | уреди извор]- Боро Мокров, политички комесар
- Стоилко Иванов, заменик-политички комесар
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 257