Мостот на Жепа (расказ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мостот на Жепа (српски: Most na Žepi) - расказ на писателот Иво Андриќ.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во текот на четвртата година од својата служба везирот Јусуф паднал како жртва на некои сплетки и зимата ја поминал во затвор. Кога бил ослободен и ја продолжил службата, тој почнал да се сеќава на своето родно село во Босна. Набргу, везирот испратил дарови за селската џамија, изградил чешма пред неа и наредил да се направи мост на утоката на реката Жепа во Дрина. За таа цел, везирот го најмил еден италијански неимар, кој за една година го изградил мостот. На враќањето кон Цариград, Италијанецот умрел, а везирот западнал во мрачни мисли за смислата на животот. Притоа, тој ја одбил понудата на еден поет, кој напишал натпис за мостот на Жепа и така мостот останал без никаков знак.[1]

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Во расказот „Мостот на Жепа“, емоционално и спиритуално, Андриќ ја доживува смислата на контрастот меѓу поетската визија на мостот и суровоста на природата, нивниот траен антагонизам. Во овој расказ, кој е болен запис за трагедијата на човечките и уметничките судбини, хармонично се соединети лирскиот поетски дух, мисловноста и артизмот на Андриќ.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Most na Žepi“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 68-75.
  2. Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 165.