Прејди на содржината

Момчето од селото

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Момчето од селото е филм од 1984 година во режија на Кастелано и Пиполо .

Артемиј е земјоделец кој живее во едно село во Ломбардија, населено главно со стари лица, каде единствената атракција е да се гледа како поминува возот . Артемиј живее со својата стара мајка Јована, која би сакала да го ожени со Марија Роза, единствената девојка која живее во селото, која е всушност вљубена во него веќе долго време. Но Артемиј, не им возвраќа на овие чувства и на денот на својот четириесетти роденден, одеднаш сфаќа дека никогаш не живеел живот надвор од селото, каде бил роден и израснат, и особено сфаќа дека не сака да продолжи да биде само земјоделец до крајот на неговиот живот. Поради тоа, тој одлучува да го напушти селото и да започне нов живот во Милано .

Артемиј, не познавајќи го градот Милано и не знаејќи каде да се смести, штом пристигнал, побарал помош од својот братучед Северино, веќе некое преселен, кој му нуди сместување и работа; Артемиј прифаќа, без да се посомнева дека Северино е всушност крадец кој влегува и излегува од затвор и кој, без да знае, веднаш го вовлекува во некои кражби. Откако го сфатил тоа, си отишол од кај него и решил да ја врати украдената чанта од последниот грабеж на нејзината вистинска сопственичка, Анџела, млада, убава и успешна девојка .

Набргу меѓу нив двајца, се родило пријателство, така што Анџела му помогнала на Артемиј да најде сместување, мал стан во луксузен, технолошки, но особено скап хотел. Потоа Артемиј се посветува на барање работа: тој се обидел да работи како осигурител, ноќен чувар, актер во реклами, па дури и водич за слепи, но обидите биле безуспешни. На крај, тој останал без работа и без пари. Во меѓувреме, сфатил и дека се заљубил во Анџела, па ѝ предложил брак, но таа одбила, велејќи дека е модерна жена, фокусирана на кариерата и незаинтересирана за основање семејство.

Очаен поради одбивањето, Артемиј се обидува да се самоубие скокајќи во канал, но го спасува богат и сомнителен човек кој му нуди да работи за него, продавајќи марихуана на децата пред излезот на училиштето. Артемиј огорчен, го одбива предлогот и, веќе уморен од животот во Милано, започнува да му се спротивставува на градот и неговите жители. Поради тоа, бил приведен од страна на полицијата, а потоа протеран и вратен во неговото село, каде што повторно го започнал својот живот како земјоделец.

Еден ден, во селото неочекувано добива посета од Анџела, која го известува дека го прифатиле на интервју за работа за да стане осигурител и ја користи приликата да му даде до знаење дека го прифаќа неговиот стар предлог за брак; сепак Артемиј, кој веќе ги разбрал несериозните намери на Анџела и кој ги претпочита вредностите и тишината на селото, решил да го помине животот заедно со единствената жена која го сакала од самиот почеток онаков каков што е, односно Марија Роза, која во меѓувреме станала многу убава девојка и решил да живее со неа засекогаш „селани, но среќни“.

Продукција

[уреди | уреди извор]

Првично, улогата на Артемиј му била предложена на Енрико Монтесано, кој, сепак, ја одбил затоа што во тој период бил зафатен со снимањето на Двајцата полицајци ; поради оваа причина, продукцијата му се обратила на Поцето. [1]

Филмот бил снимен во пролетта 1984-та година. Со исклучок на некои места, како куќата во Милано на Анџела, реставрирана главно во романските студија (простории) на Cinecittà, во големиот дел од снимањата е испочитуванo сценското поставување (амбиентот) и местата кои се опишани.

Првиот дел од филмот, како и краткиот епилог, односно секвенците кои се однесуваат на животот во селата на долината По, биле снимени во провинцијата Павија, во близина на Молино д'Исела во Гамболо [2] (каде што се наоѓа куќата на главниот лик, во местото Белкреда) [3] и во Касина Касони во Карбонара ал Тичино, двe мали места во Ломелина ; [2] а минувањето на возот било снимено долж железничката линија Павија-Верчели во близина на Виланова д'Арденги, секогаж во областа Павија. [4]

Во остатокот од филмот, фокусиран на Милано, била прикажана експлоатација на некои места - симбол на главниот град на Ломбардија, како плоштадот Сан Бабила, улица Виторио Емануеле II или улица Монте Наполеоне, како и разни други споредни места во градот, како што е плоштадот Сант „Еусторџо, пред истоимената базилика каде што се одржала првата средба помеѓу Артемиј и неговиот братучед Северино, [2] и нејзината периферија, како што е хотелот во областа Бруцано . [2] [5]

Само дел од сцената која следи по обидот за самоубиство на Артемиј, сместена во Навиљо Гранде, всушност била снимена во Павија покрај реката Тичино . [2]

Саундтрак

[уреди | уреди извор]

Песната што ги придружува воведните и завршните наслови на филмот, Блазе си ти земјоделецу, била изведена од Патриција Тапарели. [1]

Домашни видео-изданија

[уреди | уреди извор]

Филмот бил објавен за прв пат на ДВД-видео во 2017 година, во издание уредено од страна на Mustang Entertainment, кое содржи и додатоци, како интервјуа со главните ликови Ренато Поцето, Масимо Болди и Сандра Амброзини. [6]

Културно влијание

[уреди | уреди извор]
Знак, поставен на дел од местото Касони, во спомен на снимањето на филмот (2018).

Момчето од селото претставува мал култен филм во историјата на италијанската кинематографија. Уште од неговото прикажување во кината, станал фокусна точка во кинематографската култура во земјата, со тоа што бил меѓу првите сатирични претстави на противречностите својствени за она што било дефинирано како Милано за пиење ; ретроспективно гледано, неговата важност се зголемила, и поради тоа што станал еден вид „колектор со урбанистичкa меморија“ за Милано од тоа време, и исто така поради тоа што вовел различни фразеолошки изрази кои оттогаш влегле во италијанската масовна култура . [7]

  1. 1,0 1,1 Видео на YouTube
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Tutte le location esatte del "Ragazzo di campagna". 29 settembre 2008. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Io che vivo nella casa di Pozzetto de "Il ragazzo di campagna". 12 marzo 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Ticino (Parco del), sul set de "Il ragazzo di campagna". 2020-08-11.
  5. „Il ragazzo di campagna: è stato abbattuto il residence in cui si trasferiva Renato Pozzetto“. 2021-07-08. Архивирано од изворникот на 2021-07-15. Посетено на 2023-04-25.
  6. "Il ragazzo di campagna" per la prima volta in Dvd“. 4 aprile 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „Renato Pozzetto, un ragazzo d'oro“. 25 agosto 2010. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Милано за пиење