Молитва, Ѓурѓовденски обред

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓурѓовденски средби — Молитва под Миџор (Ѓурѓовденска молитва) е вообичаена практика која се изведува еднаш годишно во селото Вртовац, на Стара Планина, на Ѓурѓовден. Потоа членовите на заедницата се собираат на колективна селска слава - заветна молитва.

Ѓурѓовден е селска слава на селото Вртовац и празник кој го навестува будењето на природата и благосостојбата на селото и неговата околина. Свети Ѓорѓи, меѓу другото, се смета за заштитник на сточарите.[1] Ова е еден од највеселите празници во општина Књажевац и со него се поврзуваат голем број обичаи.[2]

Овој обред е на списокот на нематеријално културно наследство на Србија [3].

Обред[уреди | уреди извор]

Во активностите кои се составен дел на овој пролетен обичај централно место има домаќинот, колачар, кој заедницата го избира секоја година. Колачарот, во име на заедницата, принесува жртва пред камениот крст во параклисот (ќелијата), се моли и крши славски колач со девојката од планина, која исто така ја избира заедницата.[3] Уникатноста на овој необичен обичај се огледа во разновидноста и бројот на празници кои се празнуваат веднаш и за време на една од најголемите српски крсни слави - Ѓурѓовден.[1]

Обредни ритуали[уреди | уреди извор]

Јагнешко на ражњ

Славење во Вртовац започнува во петок пред Ѓурѓовден, кога жителите на селото берат лековити билки од падините на Стара Планина, верувајќи дека моќта на билките ќе се пренесе врзлуѓето и на добитокот. Од овие растенија се плетат познатите Ѓурѓевденски венчиња.[1]

Колачар и Планинка[уреди | уреди извор]

Секоја година се избира домаќин, кој се нарекува колачар и кој принесува жртви, молитви и понатаму се грижи за религиозната содржина на обредот. Се избира и планинка, жена која му помага на колачарот за време на обредот. Планинка е богато украсена со разни билки [3] и според верувањата треба да го претставува духот на природата и се смета за чувар на преработката на млекото.[1]

Пасење[уреди | уреди извор]

Рано наутро на 6 мај, на денот на крсната слава, домаќините ги носат своите стада на место каде што тревата е добра и бујна. Кога ќе се вратат од пасење, овчарите ги чекаат жените кои ќе им дадат венец за симболично да ги измолзат овците. На тој ден за првпат во годината ритуално се коле јагне кое се вика Ѓурѓилче.[1]

Ѓурѓилче[уреди | уреди извор]

Пред обредот, домаќинот става венец на јагнето околу вратот, пали свеќа на десниот рог и му дава малку сол да лиже. Потоа се прекрстува, трипати кадил и се моли на Бога велејќи: „ Не те колам јас, туку Ѓурѓевден! Ѓурѓилче всушност ја претставува жртвата што во име на селото ритуално се принесува на заветниот камен крст во ќелијата (капела посветен на Свети Ѓорѓи), на местото наречено Калават.[1]

Заветен крст[уреди | уреди извор]

Специфичноста на овој ритуал е тоа што ликот на древното претхристијанско божество „Трачки херос“ на коњ е прикажан во релјеф на камениот крст, кој по прифаќањето на христијанството бил преобразен во ликот на Свети Ѓорѓи.[1]

Обреден леб[уреди | уреди извор]

За овој пролетен празник се подготвува славски колач кој ритуално ја кршат домаќинот на прославата и свештеникот или најстариот гостин во секоја куќа. Во ќелијата, колачот го крши домаќинот колачар на заветната слава и планината, избраната жена.[1]

Социолошко значење[уреди | уреди извор]

Ѓурѓовденската молитва, како домен на друштвени обичаи, обреди и свечени настани, содржи сегмент од практиката на принесување колективна жртва, аспект на домаќинство и организирање колективни прослави и ја практикува населението на село Вртовац во околината на Књажевац, во источна Србија.[3] Овој вековен обичај секоја година собира не само голем број локални жители, туку и љубопитни туристи кои со големо внимание го следат секој сегмент од овој необичен настан.[1]

Етно фестивал[уреди | уреди извор]

Во Вртовац, традиционално на Ѓурѓовден се организира етно фестивалот „Ѓурѓовденски средби - молитва под Миџор“, а во блиското село Балта Бериловац, овчарски игри и подготовка на традиционално јадење од источна Србија - белмужа. Овие манифестации се пресликуваат во различни атрактивни фолклорни претстави, како и оригинални кулинарски специјалитети.[1]

Од 2000 година, манифестацијата „Ѓурѓовденски средби - Молитва под Миџор“ ги негува традиционалните карактеристики на стариот планински предел. Првиот дел од Манифестацијата се организира на 6 мај во селото Вртовац, во местото Калават, со почитување на сите стари обичаи во присуство на свештеник. Следниот ден, 7 мај се одржува Етно фестивалот во селото Балта Бериловац.

Манифестацијата вклучува натпреварувачи во 10 категории. На манифестацијата настапуваат и фолклорни ансамбли од околината.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 „Molitva, đurđevdanski obred“. Serbia.com. Посетено на 20. 1. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „MOLITVA POD MIDZOROM“. Zvanična prezentacija. Turistička organizacija opštine Kwaževac. Архивирано од изворникот на 20. 01. 2019. Посетено на 20. 1. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „МОЛИТВА, ЂУРЂЕВДАНСКИ ОБИЧАЈ“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Министарство културе и информисања РС и Етнографски музеј у Београду. Посетено на 20. 1. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)