Прејди на содржината

Мокрински Извори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мокрински Извори
Поглед на изворите
Карта
МестоМокрино
Координати41°22′43.5″N 22°52′9.4″E / 41.378750°N 22.869278°E / 41.378750; 22.869278
Надм. вис.330 м.
Проток40 л/с

Мокрински Извориизвори кои се наоѓаат во близина на селото Мокрино, Општина Ново Село, Македонија.

Изворите се сметаат за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата во Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри. Тие се сместени до самиот регионален пат 1402, со што се лесно достапни.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 2023 година, пристапот и просторот околу изворите бил уреден од страна на планскиот регион и општината,[2] а во 2025 година била најавена пешачка патека помеѓу изворите и селото Колешино.

Обичаи и верувања

[уреди | уреди извор]

На ова место секоја година на 2 август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села каде се дава курбан, во чест на изворите. Според легендата, годината кога не се дало курбан, изворите пресушиле, поради кое жителите веќе на 4 август повторно дале курбан по кое водата повторно протекла. Поради тоа, оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот.

Од трите Мокрински Извори истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се смета дури дека тој е поврзан со Дојранско Езеро. Поради количеството и силината на овие води, во минатото околу овде имало многу воденици.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Група автори (2016). „Хидрологија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 258. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. „СЕ УРЕДУВА ПРИСТАПОТ ДО КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД И МОКРИНСКИ ИЗВОРИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ПРИВЛЕЧАТ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ“. Сакам Да Кажам. 2023-03-11. Посетено на 2026-01-19.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]