Модни додатоци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Модни додатоци од Википедиа, слободна енциклопедија

ташна од Бурбери


Модни додатоци се декоративни предмети што ја надополнуваат облеката, како на пример накит, ракавици, ташни, капи, ремени, шалови, часовници, очила за сонце, брошеви, женски чорапи, панделки, топлинки, гамаши, кравати, трегери и хулахопки.

Модните додатоци и даваат боја, стил и класа на облеката и создаваат одреден изглед, но исто така можат да имаат и практична функција. Ташните служат за носење на мали предмети кои ни се потребни, капите го штитат лицето од временските влијанија, лаптопот обезбедува мобилна поврзаност и се користат зa да ја зголемат работната моќ, а ракавиците ги затоплуваат рацете.

Голем дел од модните додатоци се произведуваат во компаниите за дизајнирање на облека. Меѓутоа, се зголеми бројот на луѓе кои создадоа свое заштитно име преку креирање и создавање своја марка на модните додатоци.

Модните додатоци можат да бидат визуелни симболи на религиозна врска - Крстови, Еврејски ѕвезди, исламски шамии, кече и турбани се чести примери. Дизајнираните модни додатоци се сметаат за показател на социјалниот статусш.

Модните додатоци исто така се достапни во форма на бразлетни, ѓердани, обетки и врвки за чевли.

Модните додатоци се создавале и се менувале низ вековите.Во 19 век модните додатоци во Англија содржеле предмети како што се маф, наметка и тул шамија. Во текот на овој период капите и турбаните биле модерни.

Во почетокот на 20 век се забележани драстични промени во начинот на кој жените почнале да се облекуваат. Во тоа време облеката станала попрактична така што модните додатоци немале значајна улога во модата.

Модните додатоци повторно биле во центарот на вниманието кај западниот свет, по 1950тите години, зад двете светски војни. Жените повторно почнале да носат модни додатоци како што се овошните корсажи кои ги украсувале џемпеrите или капите. Исто така, во 1950тите години како модни додатоци почнале да се користат очила со пренагласени стакла. Исто и штиклите имаа зголемена употреба во педесеттите години.