Мобилен симулатор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мобилен симулаторсофтверска апликација за личен сметач што создава верзија на виртуелна машина на мобилен уред,[1] како што се мобилен телефон, iPhone, друг паметен телефон или калкулатор, на компјутерот. Понекогаш исто така може да се користи терминот емулатор.

Мобилниот симулатор му овозможува на корисникот да користи карактеристики и апликации на виртуелниот мобилен на неговиот компјутер, како тој да е вистинскиот мобилен уред.[1]

Мобилниот симулатор овозможува тестирање на мрежни места и одредување колку истите добро работат на разни видови мобилни уреди. Добар симулатор брзо ја тестира мобилната содржина на повеќе прелистувачи и истовремено емулира неколку профили на уреди. Ова овозможува анализа на мобилната содржина во реално време, лоцирање грешки во кодот, прегледување приказ во околина што го симулира прелистувачот на мобилниот телефон и оптимизирање на страницата за перформанси.[2]

Мобилните симулатори можат да се развиваат со употреба на програмски јазици како што се Java ,. NET и JavaScript .

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Mobile Device Simulators“. Microsoft ASP.net: Downloads. Microsoft Corporation. 2010. Посетено на 2 јануари 2011.
  2. „Mobile Internet Testing Environment - Keynote“. Архивирано од изворникот на 2014-04-27. Посетено на 2020-11-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]