Мише Анчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мише Анчев
Роден 1879
Штип
Починал 1925
Софија

Мише Анчев (1879-1925) — македонски револуционер, и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Мише Анчев е роден во 1879 година, во Штип. Бил на должност учител во прогимназијата во Штип. Во 1899 година бил избран за член на Штипскиот околиски комитет на ТМОРО.

Убиен е во Софија, Бугарија, во 1925 година, по априлските настани во Бугарија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11