Михаил Маврекс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Маврексвизантиски поморски командант кој бил активен во втората половина од XI век, главно при Византиско-нормански војни. Неговиот идентитет не е целосно утврден, бидејќи неколку различни луѓе се поистоветувани со истата личност: „Маврекс“ кој бил богат морнар и трговец од Хераклеја Понтика, адмирал во чие име во латинските изворе е Мамбрита или Мамбрика кој бил активен против норманите во 1060-те и 1080-те, и Михаил Маврекс, војсководец и владетел познат преку неговите печати.[1]

Според Никифор Бријениј, Маврекс бил со скромно потекло, роден во Хераклеја Понтика, и особено искусен во поморски дејства. Поради ова тој станал, според Бријениовите зборови, „незаменлив“ за Византија, и поради ова бил даруван од царевите, насобирајќи големо богатство.[2] Војсководачот Михаил Маврекс првпат се споменува околу 1050 година како ниско остиариј, и бројни печати го следат неговото издигнување низ службата, до Хипат и патрикиј, вест и стратег на Хиос, вестарх и катепан на Дирахија, магистрат, проед и дукс на Букеларија, до куропалат и дукс на Антиох.[3][4]

Во Оксфордски речник за Византија, Александар Каждан го прифаќа идентитетот на трговецот Маврекс и адмиралот, но смета дека поистоветувањето со Михаил Маврекс го смета за сомнително бидејќи тој немал ниедна од титулите на другиот и обратно.[5] Слично, Мајкл Хенди се сомнева де поистоветувањето со трговецот Маврекс, „приватно лице“, со кое и да е воено лице, но смета дека војсководецот Михаил Маврекс и поморскот војсководец се истата личност.[6]

Во 1066 година, според Кратката норманска хроника, Маврекс (Мамбрика/Мамбрита) командувал флота која спречила обид за инвазија на Балканот водена од Годфри Тарантински, и наредната година, како водач на византиската армија се истоварил во Апулија и ги завзел Бари, Таранто и Кастеланета од норманите. Не бил во можност да ги спречи норманите да опсади Бари повторно во 1068 година, и во 1070 година, се споменува како се бори против Годфри и Робер Гискар.[7]

Околу 1076 година, според Бриениј, Маврекс бил домаќин на идниот цар Алексиј I Комнин на неговиот имот во Хераклеја. Алексиј во тој период се уште бил војсководец кој водел походи против турците селџуци, и Маврекс му обезбедил голем број на војска од неговиот лична вооружена свита и слуги.[8]

Маврекс повторно се спомнува во записите на Ана Комина, без понатамошен коментар, како води взаемна византиско - венециска флота во побеа против норманите во пролетта 1082 година.[9] Последен пат се спомнува во 1084 година, кога накусо се спомнува (дукс Маврика) од Вилијам Апулски како војсководец на византиската флота стационирана во близина на Крф.[10]

References[уреди | уреди извор]

  1. Kazhdan 1991, p. 1317; Skoulatos 1980, p. 197; Stephenson 2000, p. 157.
  2. Kazhdan 1991, p. 1317; Skoulatos 1980, p. 197.
  3. Kazhdan 1991, p. 1317; Skoulatos 1980, pp. 197–198; Stephenson 2000, p. 157.
  4. Prosopography of the Byzantine World Seals: 125, 239, 2153, 3085, 3780, 3783.
  5. Kazhdan 1991, p. 1317.
  6. Hendy 2008, p. 240.
  7. Skoulatos 1980, p. 197; Stephenson 2000, p. 157.
  8. Hendy 2008, p. 240; Kazhdan 1991, p. 1317; Skoulatos 1980, p. 197.
  9. Anna Komnena. Alexiad, 4.3.
  10. Kazhdan 1991, p. 1317; Skoulatos 1980, pp. 197–198.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Hendy, Michael F. (2008) [1985]. Studies in the Byzantine Monetary Economy c. 300-1450. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 0-521-08852-6.
  • Kazhdan, Alexander Petrovich, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. New York, New York and Oxford, United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.
  • Skoulatos, Basile (1980). Les Personnages Byzantins de I'Alexiade: Analyse Prosopographique et Synthese (француски). Louvain-la-Neuve, Belgium: Nauwelaerts.
  • Stephenson, Paul (2000). Byzantium's Balkan Frontier: A Political Study of the Northern Balkans, 900–1204. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 0-521-77017-3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Исак Комнин
дукс на Антиох
1078 (?)
Наследник
Васак Пахлавуни