Миријан III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Миријан III

Миријан III грузиски: მირიან ), Бил крал на Иберија (или Картлија, односно денешна Грузија ), познат бил како современик на римскиот император Константин I Велики (306-337).

Според книгите и расказите на раните средновековни години од Грузија, Миријан бил првиот христијански крал на Иберија. Тој го примил христијанството благодарение на мисијата на Свети Нина, кападокиски мисионер. Тој бил заслужен за прифаќање на христијанството како државна религија во неговото кралство, а грузиската православна црква ја слави како светец.[1][2]

Традиционалната хронологија на принцот Вахусти датира од времето на владеењето на Миријан - кое траело 77 години - помеѓу 268-345, додека професорот Кирил Томаноф сметал дека се владеел од 284-361 година. Тој бил познат и како современик на римскиот историчар Амијан Марселин и се споменува и во ерменските хроники. [3] [4]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Lang, David Marshall (1956). Lives and legends of the Georgian saints. London: Allen & Unwin. стр. 13–39.
  2. Machitadze, Archpriest Zakaria (2006), "The Feast of the Robe of our Lord, the Myrrh-streaming and Life-giving Pillar, Equals-to-the-Apostles King Mirian and Queen Nana, and Saints Sidonia and Abiatar (4th century)" Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) , in The Lives of the Georgian Saints Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) . Pravoslavie.Ru
  3. Rapp 2003.
  4. Toumanoff 1967, pp. 83-84,377

Литература[уреди | уреди извор]