Милисав Костадинов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милисав Столев Костадинов ( 1919 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште во родниот град. Произлегува од работничко семејство. Работел како трговски помошник. Уште во 1942 година стапил во народно-ослободително движење и како напреден младинец учествувал во разни акции: собирање на материјална помош, растурање летоци, како и во прифаќањето на нови симпатизери за НОВ. На 11 септември 1944 година заминал во партизани и станал борец на Четвртиот скопски партизански одред. Подоцна се приклучил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, во вториот баталјон. Активно учествувал во сите борби против Германците и балистите. На 13 ноември учествувал во уличните борби за ослободување на Скопје. При еден јуриш на едно германско упориште, тој бил застрелан и загинал на самото место. Бил закопан на скопските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 204. На |first= му недостасува |last= (help)