Микротелефонска комбинација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Класична микротелефонска комбинација
Микротелефонска комбинација од фиксен телефон во 1980-тите
Телефон од времето кога МКТ сè уште не била распространета

Микротелефонска комбинација или слушалка[1] – составен дел на телефон што корисникот го држи в рака за време на телефонски повик. Во почетокот на телефонијата, корисникот зборувал пред уредот на кој бил инсталирана микрофонот, а слушалката, која била поврзана со гајтан, ја принесувал до увото.

Микротелефонската комбинација (МТК) е составена од два дела: микрофон кој се поставува пред устата и слушалка која се поставува до увото.

До појавата на безжичните телефони, МТК била споена со телефонскиот апарат со „спирален гајтан“. Со еволуцијата на електрониката и дигиталните техники, телефоните стануваат безжични. МТК (или повеќе МТК) со редуцирана големина комуницираат преку УВФ или ВВФ радиобранови со базата која е поврзана на телефонска линија во домот на корисникот.

Симбол за МТК[уреди | уреди извор]

Графички симбол што означува МТК се користи на безжични и мобилни телефони за да означи воспоставување или завршување на телефонски повик. Вообичаено, копче со зелена исправена (исклучена виљушка) Gnome-call-start.svg е икона за започнување повик, а црвена МТК (на виљушка Gnome-call-stop.svg се користи за завршување на повикот.[2]

Уникод содржи код за симбол кој ја претставува МТК. Кодот и симболот се U+1F4DE 📞 .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „слушалка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Lindholm, Christian; Keinonen, Turkka; Kiljander, Harri (2003-06-22). Mobile Usability: How Nokia Changed the Face of the Mobile Phone: How Nokia Changed the Face of the Mobile Phone (англиски). McGraw Hill Professional. ISBN 9780071429108.