Прејди на содржината

Мехмед Зекерија Сертел

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зекерија Сертел, познат и како Мехмет Зекерија Сертел (Струмица, 1890Париз, 12 март 1980) — познат македонски турски новинар, уредник и основач на списанија. Тој е првиот директор на државниот оддел за печат и основач и уредник на различни списанија. Од 1950 до 1980 година Сертел живеел во странство бидејќи бил прогонет..

Детство и образование[уреди | уреди извор]

Зекерија Сертел е роден во Струмица, Македонија, тогаш дел од Османско Царство, во 1890 година. Дипломирал на Правниот факултет при Истанбулскиот универзитет. Потоа студирал социологија на Сорбона и новинарство на Универзитетот Колумбија.

Кариера и активности[уреди | уреди извор]

Зекерија ја започнал својата новинарска кариера во 1911 година кога основал филозофско списание насловено Yeni Felsefe Mecmuası (Турски: Нов филозофски журнал) во Солун. Потоа работел за весникот Tasvîr-i Efkâr во Истанбул, уредуван од Јунус Нади и во сопственост на Велид Ебузија. Зекерија основал сатирично списание, Diken, заедно со Седат Симави во 1918 година. Следната година, Зекерија Сертел и неговите колеги основале неделно списание насловено Büyük Mecmua (Турски: Големиот преглед). Тој и неговата сопруга Сабихa живееле во Њујорк до 1923 година, каде што Зекерија студирал новинарство на Универзитетот Колумбија, а Сабихa ја посетувала Њујоршката Социолошка школа. Двајцата виле стипендисти на организацијата Чарлс Крејн.

По враќањето во Турција, Зекерија лично од Мустафа Кемал Ататурк назначен за директор на одделот за печат на новооснованата Република Турција во Анкара, функција која ја држел до 1924 година, по што тој и неговата сопруга ја продолжиле новинарската кариера во Истанбул. Тој бил ко-основач и прв главен уредник на весникот Cumhuriyet. Со својата сопруга основал и уредувал неколку списанија, вклучувајќи Resimli Ay, Resimli Perşembe, Resimli Hafta и Sevimli Ay. Исто така, со уште тројца новинари ко-основал весник наречен Son Posta во 1930 година. Кога Либералната Републиканска партија била формирана од Фетхи Окјар во 1930 година, Зекерија Сертел и други левичарски критичари на Мустафа Кемал ја поддржале партијата. Сабихa и Зекерија Сертел биле меѓу сопствениците на уште еден весник, Tan, кој бил објавуван од 1935 до 1945 година.

Апсења и прогонување[уреди | уреди извор]

Во 1919 година, Зекерија Сертел бил прв пат уапсен и задржан од османлиските власти поради неговите статии во Büyük Mecmua кои ја критикувале окупацијата на Истанбул од страна на Британците и други западни сили. Исто така бил суден во Судовите за независност, што резултирало со негово трогодишно затворување веднаш по почетокот на неделното списание Resimli Perşembe во 1925 година. Потоа бил уапсен неколку пати поради неговите написи објавени во Resimli Ay и Tan. Неговото судење во март 1946 година било поради неговите написи во Tan. Не само Зекерија, туку и неговата сопруга и Халил Лутфу Дордункчу биле осудени за клевета против Република Турција и членови на Големото Национално Собрание. Сепак, есента 1946 година тие успеале да добијат ослободителна пресуда. Тој и неговата сопруга ја напуштиле Турција во 1950 година поради политичките притисоци и живееле во неколку различни земји, имено Советскиот Сојуз, Унгарија и Франција.

Приватен живот и смрт[уреди | уреди извор]

Зекерија се оженил со неговата сопруга Сабихa во Солун во 1912 година. Семејството на Зекерија првично се спротивставило на бракот поради фактот дека Сабихa потекнува од дехме (еврејско) семејство. Семејството на Сабихa исто така не го поддржувало нивниот брак. Сепак, доктор Назим од Комитетот за единство и напредок му честитал Зекерија за неговата одлука да се ожени со девојка со дехме потекло, и нивната свадбена церемонија била организирана и финансирана од комитетот. Тоа било првиот јавен брак на муслимански Турчин и еврејка.

По нивниот егзил, Зекерија и Сабихa живееле во Баку до 1968 година кога Сабихa починала. Зекерија со својата ќерка заминал од Баку за Франција по смртта на неговата сопруга. Починал во болницата Салпетриере, Париз, на 12 март 1980 година.

Книги[уреди | уреди извор]

Сертел е автор на неколку книги, вклучувајќи Mavi Gözlü Dev, која е биографија на неговиот пријател и поет Назим Хикмет Ран. Другата позната книга се неговите мемоари насловени Hatırladıklarım (Турски: Тие што ги помнам) објавени во 1968 година.

Наводи[уреди | уреди извор]