Прејди на содржината

Метузалем (дрво)

Координати: 37°23′07″N 118°10′38″W / 37.38528° СГШ; 118.17722° ЗГД / 37.38528; -118.17722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Метузалемова корија, Ињовска национална шума, Калифорнија, САД

Метузалем (англ. Methuselah) (проценето `ртење: 2832 п.н.е.) е примерок на долговечен бор (Pinus longaeva) кој е наоѓа во Белите Планини во Калифорнија. Дрвото било старо 4.789 години кога било испитано во 1957 од Шулман и Харлан. Ова е најстариот неклонски жив организам со старост од 4842 години (во 2011)[1][2], и најстарото самостојно дрво на светот.[3] Именувано е по Метузалем, библискиот лик за кој се вели дека живеел 969 години. Ова дрво се наоѓа во таканаречената „Шума на древните“ (Forest of Ancients), поточно во Метузалемовиот корија на надморска височина од 2.900–3.000 м. Неговата точна местоположба с држи во тајна за истото да може да се зачува од вандализам;[4] горенаведените координати се однесуваат на туристичкиот центар „Метузалемова корија“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. База на податоци за Голосемениците: Pinus longaeva (англиски)
  2. Информации и инсерти од документарец (англиски)
  3. База на податоци за Голсемениците (15 март 2007). Pinus longaeva. Посетено на 20 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Метузалемова прошетка. Шумарска служба на САД / Источносиерско интерпретациско здружение.

37°23′07″N 118°10′38″W / 37.38528° СГШ; 118.17722° ЗГД / 37.38528; -118.17722

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]