Методи Алексиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Методи Алексиев
Роден 1887
Велес, Македонија
Починал 1924
Покровник, Горноџумајско, Пиринска Македонија

Методи Алексиев — македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Алексиев е роден во градот Велес, во 1887 година. Се школувал во Велес, Солун и Сер. Како ученик во Солунската гимназија стапил во контакт со кружокот на Гемиџиите, и соработувал со нив. Во 1905 година, бил избран за секретар на четата на војводата Христо Чернопеев, а по извесно време, бил комита во четата на Јане Сандански.

За време на првата балканска војна, во 1912 година бил избран за војвода на чета на Организацијата во Разлошко и Драмско. По завршувањето на Првата светска војна, останал активен во македонското национално ослободително движење, и се приклонил кон левицата. По убиството на Тодор Александров, од страна на новото раководство на Организацијата бил обвинет дека учествувал во заговорот против Александров. Под тоа обвинение, убиен е во селото Покровник, Горноџумајско, во 1924 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 6