Мери Дајер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мери Барет Дајер
Родена 1611
Лондон
Починала 1 јуни 1660
Бостон

Мери Барет Дајер (англ. Mary Dyer; 1611 — 1660) била англиски квакер. Обесена е во Бостон, Масачусетс, затоа што била против прогонувањето на квакерите од колонијата Масачусетс. ЗА себеси мислела дека била последната жртва на религиозното бркање во Северна Америка.

Мери Дајер ја сретнала Ен Хачинсон 1637, која го проповедала Господ дека се обраќа на верникот, а не преку свештенство. Дајер се придружила на Ен Хачинсон и станала активна во „Антимониски ерес“, каде што работеле на организација на групи жени и мажи кои би ја проучувале Библијата на други начини во однос на теократскиот закон на колонијата Масачусетс Беј.

1638 година, Мери Дајер и нејзиниот сопруг, Вилијам Дајер, биле избркани од колонијата заедно со Ен Хачинсон. По советот на Роџер Вилијамс, групата на која припаѓале Дајер и Хачинсон се преселиле во Портсмут во колонијата Род Ајленд.

Мери Дајер со сопругот се вратила во Англија , заедно со Роџер Вилијамс и Џон Кларк, каде што Мери се приклучила на Квакерите затоа што го слушнала проповедот на Џорџ Фокс, и приметила дека проповедот се сложува со идеите коишто таа и Ен Хачинсон имале повеќе години пред тоа. Станала Квакер по сопствен избор.

Семејството Дајер се вратиле во Род Ајленд 1657 година. Наредната година, таа отпатувала во Бостон за да протестира против новиот закон кој ги прогониувал Квакерите, каде што била уапсена и исфрлена од колонијата. (Нејзиниот сопруг, кој не станал Квакер, не бил уапсен).

Мери Дајер продолжила да патува во Нова Англија и да го пропведа квакерството, и повторно во 1658 година била уапсена во Њу Хејвн, Конектикат. Затоа што е пуштена на слобода, се враќа во Масачусетс за да посети двајца англиски квакери кои исто така биле уапсени. И повторно е уапсена и овој пат трајно и е забрането враќањето во колонијата. По третпат отпатувала во Масачусетс, со група квакети за да протестира против законот. Уапсена е и е осудена на смрт. По краткото судење, другите двајца квакери се обесени, но бидејќи нејзиниот сопруг бил пријател со гувернерот Џон Винтроб, успеал да и овозможи амнестија во последен момент, против нејзината желба, затоа што одбила да се покае и да се откање од квакерската вера.

Била приморана да се врати на Род Ајленд. Патувала на Лонг Ајленд, Њујорк за да проповеда, но нејзината совест ја водела да се врати во Масачусетс во 1660 година, и повторно да протестира против антиквакерскиот закон. Наспроти молбите на мажот ѝ и семејството, повторно одбила да се покае и повторно е осудена на смрт, 31 мај. Наредниот ден, Мери Дајер е обесена во Бостон затоа што била квакер во Масачусетс.

Нејзините последни зборови биле: „Не, јас сум дојдена да ве зачувам од крвопролевање, сакајќи да го поништам неправедниот и неразумен закон против невините Божји слуги. Не, човеку, јас не се одрекувам.“

Нејзината статуа се наоѓа пред зградата на Државната управа Масачусетс во Бостон.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]