Менхетен (филм)
Менхетен е американски игран филм, во режија на Вуди Ален.
Факти за филмот[уреди | уреди извор]
Филмот е режиран од прославениот режисер Вуди Ален, а главните улоги ги толкуваат Вуди Ален и Дајан Китон.[1]
Содржина[уреди | уреди извор]
Ајзак, кого го глуми Вуди Ален, е 42-годишен писател на телевизиски сценарија кој живее во Њујорк. Неговата жена Џил, инаку бисексуалка, го оставила поради друга жена, а освен тоа, напишала книга за нивниот бурен брак. Оттука, Ајзак тргнува во потрага по нова љубов и ја сретнува преубавата 17-годишна девојка Трејси.[1]