Мацјејовка (капа)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јозеф Пилсудски во мацјејовка на Полските легии.

Мацјејовка (полски: Maciejówka; буквално „Мацјејова капа“) ― вид на капа популарна на територија на денешна Полска на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тоа е тркалезна, мека капа направена од ткаенина, со краток стврднат врв, обично од црна или кафена кожа, често украсена со украсно јаже или плетенка. Првично дел од традиционалната народна носија во многу региони на Полска, за време на Првата светска војна станала дел од воената униформа на Пушкарското здружение и Полските легии.

Откако Полска се стекнала со независност во 1918 година, било предложено мацјејовката да стане стандардна капа на полската војска. Сепак, било тврдено дека мацјејовката премногу наликува на германските гарнизонски капи од Првата светска војна и на крајот наместо тоа била усвоена рогативката.[1]

Слични капи[уреди | уреди извор]

  • Кашкет, капа со украсен вез од дабови листови, традиционално го носат полските Евреи.
  • Морнарска капа или Ленинка која со години ја носат работниците и селаните во Русија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Цитати[уреди | уреди извор]

  1. Żygulski & Wielecki.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • (на полски) Zdzisław Żygulski jun.; Henryk Wielecki (1988). Polski mundur wojskowy [Polish military uniform]. Краков: Krajowa Agencja Wydawnicza. стр. 416. ISBN 8303014838.