Прејди на содржината

Марко Миљанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Миљанов
Роден(а)25 април 1833(1833-04-25)
Медун, Скадарски санџак, Османлиско Царство
Починал(а)2 февруари 1901(1901-02-02) (возр. 67)
Херцег Нови, Кралство Далмација, Австроунгарија

Марко Миљанов (српски: Марко Миљанов Поповић; 25 април 1833 – 2 февруари 1901) бил брдски поглавар и црногорски генерал и писател.

Тој стапил во служба кај Данило I, првиот секуларен кнез на Црна Гора во модерната ера, и го предводел своето племе Кучи во војните против Османлиското Царство во 1861–62 и 1876–78, истакнувајќи се како способен воен водач. Тој успеал да го обедини своето племе со Црна Гора во 1874. Подоцна дошло до јаз помеѓу Миљанов и кнезот Никола I. Тој исто така бил успешен писател кој стекнал репутација со своите описи на црногорското општество.

Марко Миљанов починал пред било кое негово дело да биде објавено. Сите дела првично биле објавени во Србија, бидејќи Марко бил познат дисидент на кнезот Никола.

  • Примери за човештво и јунаштво (српски: Примјери чојства и јунаштва, Белград 1901), е негово најзначајно дело, збирка на вистински анегдоти кои прикажуваат практични примери на постигнатиот етички идеал кон кој се стремеле Црногорците од негово време. Тоа е траен споменик на инаку неопеаните херои од црногорската борба за независност во 19 век. Анегдотите ги опишуваат обичните и скромни луѓе, нивниот јазик и обичаи и нивните дела кои ги натерале другите Црногорци и Албанци да им се восхитуваат. Јазикот и фразата на Марко се јасни и груби, но неговата порака е звучна.
  • Племето Кучи во народните приказни и песни (српски: Племе Кучи у народној причи и пјесми, Белград 1904), била втора негова објавена книга, е збирка на историски, фолклорни и етнографски (антополошки) податоци за племето Кучи.
  • Животот и обичаите на Арбанасите (српски: Живот и обичаји Арбанаса), е дело за соседните албански католички племиња кое ја опишува нивната култура и секојдневен живот.
  • Српски ајдути (српски: Српски хајдуци), еп
  • Нешто за Братожиќите (српски: Нешто о Братоножићима), еп