Марко Маринковиќ
Марко Маринковиќ (роден на 6 јануари 1994 година) е српски професионален фудбалер кој игра на позизија централен бек за екипата на Будуќност од Добановци.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Црвена ѕвезда од Белград
[уреди | уреди извор]Марко е роден во градот Ужице[1] и ја поминал младинската академија во екипата на Црвена ѕвезда од Белград.[2] Во текот на времето поминато под договор со тимот, Маринковиќ не одиграл ниту еден официјален натпревар за составот на Црвена ѕвезда од Белград. Тој го раскинал договорот во летото 2016 година.[3]
Откако ги поминал сите млади категории, Маринковиќ бил позајмен во клубот од Сопот за сезоната 2012–13, заедно со соиграчот Дарко Лазиќ и со некои други играчи од младинскиот погон на составот на Црвена ѕвезда од Белград. До крајот на сезоната одиграл вкупно 15 натпревари и постигнал 2 гола.[1]
Во летото 2013 година, тој се вратил од позајмицата помината во составот на Сопот и бил во првиот тим на почетокот на сезоната 2013-14.[4][5] Двата натпревари во квалификациите за Лигата на Европа 2013–14 на УЕФА против екипата на ИБВ, тој го поминал седејќи на клупата.[6][7] Маринковиќ, подоцна бил испратен во екипата на Смедерево, повторно како позајмен играч.[8] За клубот на Смедерево одиграл 17 натпревари во Првата лига [1] и еден натпревар од купот, оној против составот на Чукарички.[9]
За сезоната 2014-15, Маринковиќ билк позајмен на екипата на Синѓелиќ од Белград. Таму одиграл 28 натпревари во Првата лига од кои дури 27 како стартер. Во текот на тие 27 натпревари еднаш бил заменет. Со тимот имал одиграно и еден натпревар од купот, оној против составот на Слобода од Ужице.[10] Маринковиќ постигнал два гола, едниот против екипата на Бежанија во 1 коло[11] и вториот против екипата на Слога од Краљево во 14 коло. Сите тие натпревари биле во составот на Првата српска лига.[12] Откако соиграчот Урош Мирковиќ се преселил во екипата на Доњи Срем за време на зимската пауза, Маринковиќ станал капитен за време на втората полусезона.[13]
Играчите Живковиќ и Маринковиќ подоцна на почетокот на 2015–16 биле испратени како позајмени играчи во екипата на Спартак од Суботица.[14] Централниот бек првиот официјален натпревар за екипата на Спартак Суботица го имал на 1 август 2015 година, на третиот натпревар од српската Суперлига, против составот на Младост од Лучани.[15] По само 5 натпревари за екипата на Спартак, тој се вратил во Белград.[16]
БСК од Борча
[уреди | уреди извор]На почетокот на 2016 година, Марко Маринковиќ се пресели во составот на БСК од Борча, и тоа со статус како позајмен играч. Натпреварот против екипата на Лозница го започнал во тандем со соиграчот Александар Цветковиќ. Во 61 минута од тој натпревар, Маринковиќ добил црвен картон. Претходно, на истиот натпревар, на почетокот од второто полувреме постигнал гол за својата екипа.[17] Откако пропуштил неколку натпревари за екипата, тој се вратил повторно во составот. Марко Маринковиќ постигнал голови за победи на својот тим против екипите на ЧСК Челарево во 25 коло[18] и Напредак од Крушевац во 29 коло. Тоа биле натпревари од Првата српска лига. Во текот на пролетната половина од сезоната 2015–16, Маринковиќ одиграл вкупно 11 лигашки натпревари за екипата на БСК од Борча.[1]
Маринковиќ во екипата на БСК од Борча во Српската прва лига 2016–17 останал и по раскинувањето на договорот со екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Подоцна, во текот на првата половина од истата сезона, тој се појавил во куп натпревар против неговиот поранешен клуб.[19]
Борац од Чачак
[уреди | уреди извор]На 23 јануари 2017 година, Маринковиќ потпишал договор со важност од 2 години со екипата на Борац од Чачак.[20]
Статистика во кариерата
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]- Обновено на крајот од натпреварот одигран на 20 јули 2017[21]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Црвена ѕвезда од Белград | 2012–13 | Суперлига | 0 | 0 | — | — | — | 0 | 0 | |||
2013–14 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 0 | 0 | |||
2014–15 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | — | 0 | 0 | ||||
2015–16 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 0 | 0 | |||
Вкупно | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 0 | 0 | |||
Сопот | 2012–13 (како позајмен играч)[1] | Лига на Белград | 15 | 2 | — | — | — | 15 | 2 | |||
Смедерево | 2013–14 (како позајмен играч) | Прва Лига | 17 | 0 | 1 | 0 | — | — | 18 | 0 | ||
Синѓелиќ од Белград | 2014–15 (како позајмен играч) | Прва Лига | 28 | 2 | 1 | 0 | — | — | 29 | 2 | ||
Спартак од Суботица | 2015–16 (како позајмен играч) | Суперлига | 5 | 0 | 0 | 0 | — | — | 5 | 0 | ||
БСК од Борча | 2015–16 (како позајмен играч)[1] | Прва Лига | 11 | 3 | — | — | — | 11 | 3 | |||
2016–17 | 13 | 0 | 2 | 0 | — | — | 15 | 0 | ||||
Вкупно | 24 | 3 | 2 | 0 | — | — | 26 | 3 | ||||
Борац од Чачак | 2016–17 | Суперлига | 9 | 0 | 1 | 0 | — | — | 10 | 0 | ||
2017–18 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | — | 0 | 0 | ||||
Вкупно | 9 | 0 | 0 | 0 | — | — | 10 | 0 | ||||
Вкупно во кариерата | 98 | 7 | 5 | 0 | 0 | 0 | — | 103 | 7 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Marinkovic, Marko“. srbijafudbal.com (српски). Посетено на 20 July 2017.
- ↑ „PREGLED RADA OMLADINSKE ŠKOLE U GENERACIJAMA '90-95“. czbgtv.com (српски). 9 February 2015. Архивирано од изворникот на 2022-03-12. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ „"FUDBAL" 28/16 - page 1717“ (PDF). Football Association of Serbia (српски). 13 July 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-02-02. Посетено на 26 October 2016.
- ↑ „I oni su štoperi!“. mozzartsport.com (српски). 29 June 2013. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ „Marinković: Želim da krenem Vidićevim stopama“. Večernje novosti (српски). 2 July 2013. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ „Crvena zvezda - IBV 2:0 (1:0)“. Red Star Belgrade official website (српски). 18 July 2013. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ „IBV - Crvena zvezda 0 : 0 (0 : 0)“. Red Star Belgrade official website (српски). 25 July 2013. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ Јакшић у Јединству, Маринковић у Смедереву. mojacrvenazvezda.net (српски). 16 August 2013. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ Кировски: Раскид уговора је једини начин да спасим каријеру; Маринковић: Још 6 месеци у Смедереву. mojacrvenazvezda.net (српски). 9 January 2014. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ Учинак Звездаша на позајмицама – резиме полусезоне: Оњилова јесен, солидни Маринковић и Стојковић (ВИДЕО). mojacrvenazvezda.net (српски). 20 December 2014. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ „1. KOLO: FK SINĐELIĆ – FK BEŽANIJA 1:2“. FK Sinđelić Beograd official website (српски). 18 August 2014. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ „14. KOLO: FK SINĐELIĆ – FK SLOGA (K) 3:0“. FK Sinđelić Beograd official website (српски). 16 November 2014. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ Маринковић: Истекла ми је позајмица, враћам се у Црвену звезду. Sportski žurnal (српски). 29 May 2015. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ „Živković i Marinković pojačali Spartak“. FK Spartak Subotica Belgrade official website (српски). 8 July 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ „3.Kolo: Spartak - Mladost“. Serbian SuperLiga official website (српски). 1 August 2015. Архивирано од изворникот на 2015-08-03. Посетено на 1 August 2015.
- ↑ Звезда вратила Маринковића и Живковића из Суботице. Sportski žurnal (српски). 15 December 2015. Посетено на 15 December 2015.
- ↑ „BSK Borča – Loznica 1:1“. FK Loznica official website (српски). 5 March 2016. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ Хет трик бившег нападача Звезде, нови суперлигаш поражен у Лазаревцу. Sportski žurnal (српски). 4 May 2016. Посетено на 27 May 2016.
- ↑ Црвена звезда - БСК 3:0 (0:0). Red Star Belgrade official website (српски). 26 October 2016. Посетено на 13 December 2016.
- ↑ „Marko Marinković treći novajlija ove zime“. FK Borac Čačak official website (српски). 23 January 2017. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 23 January 2017.
- ↑ Марко Маринковиќ на soccerway
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статистика на Марко Маринковиќ на utakmica.rs (на српски)
- Марко Маринковиќ – Профил на сајтот на УЕФА