Марко Крале и Љутица Богдан
Марко Крале и Богдан Лутица (српски: Марко Краљевиһ и Љутица Богдан) - српска епска (јуначка) песна.
Содржина
[уреди | уреди извор]Тројца војводи, Крале Марко, Реља од Призрен и Милош од Поцерје, патуваат од Косово до приморјето, а патем доаѓаат до лозјето на Богдан Лутица. Реља го гази лозјето со коњот, а Крале Марко го предупредува да не го прави тоа, зашто еднаш и тој направил така, па едвај се спасил од гневот на Богдан. Тогаш, во лозјето пристигнува Богдан и Крале Марко ги наговара другарите да побегнат, но Реља и Милош претпочитаат да се борат. Притоа, тие се договараат Реља и Милош да се борат со Богдан, а Крале Марко со неговите 12 војводи. Марко лесно ги заробува војводите на Богдан, а тој пак ги заробува Реља и Милош. Марко е преплашен и сака да побегне, но останува верен на дадената заклетва дека секогаш ќе им помага на своите побратими. Истовремено, и Богдан е исплашен од Марко, па му предложува да се помират и да си ги разменат заробениците. Потоа, сите заедно пијат вино.[1]
Осврт кон песната
[уреди | уреди извор]Песната „Марко Крале и Богдан Лутица“ прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од ајдукот Тешан Подруговиќ.[2]