Марија Телкеш
Марија Телкеш (1900–1995) е иноваторка на првиот систем за сончево греење за станбен објект.
Животопис
[уреди | уреди извор]Уште во средно училиште во Унгарија, Марија почнала да се интересира за проблемот со сончевата енргија. После медицинските студии и добивањето на титулата за докторка на физичката хемија, во 1924 година таа се сели во Соединетите Американски Држави, каде што добила работа во Институт за технологија универзитет Месачусест, но работела и на Електротехничкиот факултет во Њујорк.
Претходно работела во Џенерал електрикс и во кливлендската клиничка фондација.
По Втората светска војна, во 1948 година, Марија Телкеш создала експериментален систем за сончево греење за една куќа во Довер во државата Масачутетс. Куќата која Марија ја користела да го докаже својот изум, и денес користи сончев Систем кој го иновирала Марија Телкеш.
Марија Телкеш, меѓу другото создала и сончева печка, сончев Систем за дестилација на вода и сончев генератор. Владата на САД ја ангажирала Марија Телкеш да ја испита можноста за користење на нејзиниот изум за добивање пивка вода од морска вода, што таа успешно го направила користејќи го сончевот систем за дестилација.
Работата на Марија Телкеш, добила многубројни признанија и награди. Уште во 1952 година Марија добила награда од „Друштвото на женски инженери“, како прва добитничка на таа награда кога е утврдена.
Покрај тоа американската секција на меѓународното друштво за сончева енергија ја наградила Марија Телкеш со престижна награда Чарлиз Грили.
Починала во родната Будимпешта во 1995 година за време на посетата на роднините.