Маракаибо (езеро)
Изглед
| Езеро Маракаибо | |
|---|---|
Маракаибо | |
| Координати | 10°39′N 71°36′W / 10.650°N 71.600°W |
| Главни приливи | Кататумбо |
| Главни истеци | Венецуелски Залив |
| Сливни земји | Венецуела, Колумбија |
| Најг. должина | 76 км |
| Најг. ширина | 67 км |
| Површина | 13,210 км2 |
| Најг. длабочина | 60 м |
| Зафатнина | 280 км3 |
| Брег | 5678 км |
| Надм. височина | 0 м |
| Острови | 467 |
| Населени места | Маракаибо, Кабима |
| 1 Бреговата должина не е добро определена мерка. | |
Езерото Маракаибо (шпански: Lago de Maracaibo, Lago del Zulia) — езеро и морски залив (според некои континентално море) на северозападниот дел на Венецуела. На север е поврзано преку плиткиот канал Сан Карлос (длабочина 2 до 4 метри) со Венецуелскиот Залив. Водата езерото ја прима од многу реки од кои најголема е Кататумбо. Водата во езерото е соленикава.

Езерото е најголемо езеро во Јужна Америка, со површина од 13,210 квадратни километри. Тоа е едно од најстарите езера на светот (според некои проценки второ во светот)[1]. На бреговите на езерото живее четвртина од населението на Венецуела. Источниот брег на езерото Маракаибо е многу богато со нафта.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Езеро Маракаибо“ на Ризницата ? |
- Институт за заштита на езерото Маракаибо Архивирано на 15 август 2018 г.
- Езерска комисија Архивирано на 25 јуни 2007 г.
- Сателитски снимки
|