Манфред Ворнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Манфред Ворнер
Manfred Woerner 1993.jpg
7-ми Генерален секретар на НАТО
На должноста
1 јули 1988 – 13 август 1994
Претходник Петер Карингтон
Наследник Серхио Баланцино
Министер за одбрана
На должноста
4 октомври 1982 – 18 мај 1988
Канцелар Хелмут Кол
На должноста
20 октомври 1969 – 13 декември 1972
На должноста
19 октомври 1965 – 30 јуни 1988
Лични податоци
Роден(а) Манфред херман Ворнер
24 септември 1934(1934-09-24)
Штутгард, Германија
Починал(а) 13 август 1994(1994-08-13) (воз. 59 г.)
Брисел, Белгија
Националност Германец
Партија Христијанско-демократска унија
Установа Универзитет во Хејделберг
Универзитет во Париз
Универзитет во Минхен
Професија дипломат

Манфред Херман Ворнер (24 септември 1934 година, Штутгарт – 13 август 1994 година, Брисел[1]) бил германски политичар и дипломат. Работел како министер за одбрана на Западна Германија помеѓу 1982 и 1988 година. Потоа служел како седми генерален секретар на НАТО од 1988 до 1994 година. За време на неговиот мандат како Генерален секретар се случи крајот на Студената војна и германското обединување. Додека служел на таа функција, му бил дијагностициран рак, но и покрај неговата болест, продолжил да работи до неговите последни денови.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој израснал во домот на својот дедо во Штутгарт-Бад Канштат и таму учел во гимназијата Јоханес-Кеплер. Тој бил во брак со Елфи Ворнер, која поддржала неколку хуманитарни агенции поврзани со германската армија, а која починала од тумор на 4 јули 2006 година.

По дипломирањето во 1953 година студирал право во Хајделберг, Париз и Минхен. Тој ги завршил студиите во 1957 со првиот и 1961, вториот дел. Потоа работел за администрација на Баден-Виртемберг. Тој бил окружен претставник за Оринген до 1962 година, за Баден-Виртемберг Ландтаг до 1965 година и округот Гепинген. Ворнер бил авионски пилот и резервен офицер на Луфтвафе.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Ворнер бил член на германската ЦДУ и бил избран во германскиот парламент, кој го претставувал Гепинген.

На 4 октомври 1982 година бил назначен за федерален министер за одбрана во владата на Хелмут Кол. Ворнер одиграл важна улога во одбраната на одлуката на НАТО за распоредување балистички проектили IRBM со среден дострел, по разговорите за намалување на оружјето со Советскиот Сојуз, за да се преиначи советското распоредување на балистичките проектили IRBM од своите SS-20 од претходните години.

Во 1983 година, Ворнер се соочил со критики поради скандалот околу германскиот генерал Гинтер Кизелинг. Германската воена тајна служба го обвинила Кизелинг дека е хомосексуалец - ова подоцна било откриено како случај на погрешен идентитет - и Ворнер наредил предвремено пензионирање на Кизелинг, бидејќи хомосексуалноста во тоа време се сметала за безбедносен ризик. Кизелинг инсистирал на дисциплинска постапка, и на крајот го постигнал своето враќање. Ворнер ја прифатил политичката одговорност за аферата и на 18 мај 1984 година ја понудил својата оставка, која сепак била одбиена од германскиот канцелар Хелмут Кол.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Сопругата на Ворнер покрај неговиот споменик во Саут Парк, Софија, Бугарија

Во декември 1972 година Ворнер се оженил со Ана-Марија Цезар. Од 1982 до неговата смрт бил во брак со Елфи Ворнер, со моминско презиме Реинш (1941-2006).

Манфред Ворнер Медал[уреди | уреди извор]

Од 1996  Министерството за одбрана го доделило медалот Манфред Ворнер на годишно ниво за да им оддаде чест на јавните личности, кои направиле „специјална заслужна услуга за мир и слобода во Европа".

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Vor 10 Jahren: Manfred Wörner stirbt“. Westdeutscher Rundfunk. 13 август 2004. архивирано од изворникот на 14 септември 2005 г.. https://web.archive.org/web/20050914143500/http://www.wdr.de/themen/kultur/stichtag/2004/08/13.jhtml. посет. 18 јануари 2006 г.