Мал амам (Банско)
Мал амам | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Банско, Општина Струмица |
Земја | Македонија |
Почната | 18 век |
Урната | 20 век |
Мал амам— поранешен амам кој се наоѓал во селото Банско, Општина Струмица.
Овој амам бил изграден јужно од Ески амамот и бил изграден над јужниот ѕид на просторијата со голем базен на Римската терма.
Според фотодокументацијата пре отстранувањето на овој амам кој налегнувал скоро по целата должина на ѕидовите, амамот имал правоаголна основа која била преградена на средишниот дел така што се состоел од две простории. За кровниот покривач не се сочувани податоци но пред остранувањето на неговиот северен дел во 1996 година заради акцентирање на Римската терма, видливо е дека имал кади и ниски клупи обложени со бел мермер гуртни и под од плоснати плочи поврзани со хоросан малтер.
Амамот бил ѕидан од камен и варов малтер, и веројатно бил изграден во 18 или во 19 век, а користел термална вода од изворот јужно од него. За влезовите не се сочувани податоци поради големите оштетувања[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.