Македонско-грузиски односи
Македонија |
Грузија |
---|
Македонско-грузиските односи се надворешните односи меѓу Македонија и Грузија.
На 16 февруари 2019, за време на Минхенската безбедносна конференција, министрите за надворешни работи на Македонија и Грузија потпишале Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.[1] Во март 2018 година, Претседателите на Собранијата на Македонија и Грузија, Талат Џафери и Иракли Кобахиѕе оствариле средба на Интерпарламентарната унија во Женева. Претседателот на Грузиското Собрание ја истакнал важноста од започнување на поинтензивен политички дијалог меѓу Грузија и Македонија, посочувајќи дека двете земји сè уште немаат воспоставено дипломатски односи, а имаат слични цели и предизвици, како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО.[2]
Грчкиот весник Елефтеротипија објавил дека Грузија имала намера да ја признае Македонија под нејзиното уставно име во 2010.[3] Меѓутоа, грчката дипломатија се заканила со блокада на грузиската интеграција во НАТО, како и блокада на пристапот кон економската помош од ЕУ, доколку Грузија се одлучила на таков чекор. Македонското МНР ја демантирало оваа информација.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Georgia, North Macedonia establish diplomatic ties“. Agenda.ge (англиски). Посетено на 2019-06-26.
- ↑ „Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламентот на Грузија, г. Иракли Кобахиѕе“. www.sobranie.mk. Посетено на 2019-06-26.
- ↑ „Грузија се предомислила за уставното име, МНР демантира | Sitel“. web.archive.org. 2010-04-12. Архивирано од изворникот на 2010-04-12. Посетено на 2019-06-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)