Археологија во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Македонска археологија)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Археологијата во Македонија започнува со самото уредување на Македонија како државна единица, односно некаде во доцните 1940-тите години.[1]

Според последните податоци, Македонија поседува 7.081 недвижен споменик од кои 4.293 се археолошки локалитети, 992 цркви и манастири со над 150.000 метри квадратни фрескосликарство, над 22.855 икони и 240 иконостаси, балдахини и владички тронови изведени во резба, објекти од рурална (220) и урбана (379) архитектура, 47 кули, бедеми и мостови, 12 урбани и рурални ансамбли, 188 објекти од стопански карактер, 1.000 споменици и спомен-обележја, 228 објекти од османлиска архитектура (џамии, анови, амами, стари чаршии и сл). Музејските и галериските колекции содржат над 500.000 експонати (археолошки и етнолошки предмети, предмети од историско значење, како и предмети од применета уметност). Во 1980 година во Листата на споменици под заштита на УНЕСКО е внесен и регионот на Охрид со езерото и културното наследство на градот и потесната околина.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lepavcov, Aleksandаr (1995). Via vita Macedonia: Praistoriskite kulturi i prirodnite transportni koridori na počvata na makedonija. "Vreme" DOO. 
  2. Stardelov, Georgi (1995). Civilizacii na počvata na Makedonija: prilozi za istražuvanjeto na istorijata na kulturata na počvata na Makedonija. Makedonska akademija na naukite i umetnostite.