Прејди на содржината

Мадам Икс

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мадам Икс“ (англиски: Madame X) — филм на режисерот Дејвид Ловел Рич (David Lowell Rich) од 1966 година, снимен по сценариото на Џин Холовеј (Jean Holloway). Филмот е заснован врз истоимената драма на францускиот драмски писател Александар Бисон од 1908 година (Alexandre Bisson). Главните улоги ги играат: Лана Тарнер (Lana Turner), Џон Форсајт (John Forsythe), Рикардо Монталбан (Ricardo Montalban), Констанс Бенет (Constance Bennett) и Бурџис Мередит (Burgess Meredith).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Холи Паркер, сопругата на угледниот дипломат Клеј Андерсон, води здодевен живот за време на неговото отсуство. Така, таа започнува љубовна врска со еден богат ерген, но животот ѝ се распаѓа кога тој случајно погинува. Тогаш, свекрвата ја наговара да ги остави Клеј и детето и да почне нов живот на друго место. Неколку години подоцна, Холи станува проститутка, а кога еден ситен криминалец се обидува да уценува, работите стануваат уште полоши...

Наводи[уреди | уреди извор]