Лана Тарнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лана Тарнер
Lana Turner
Turner in 1951
Роден(а)Џулија Џин Тарнер
8 февруари 1921(1921-02-08)
Волас (Ајдахо), САД
Починал(а)29 јуни 1995(1995-06-29) (возр. 74)
Лос Анџелес, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период1937–85
ДецаЧерил Крејн

Лана Тарнер (англиски: Lana Turner), (Волас, 8 февруари 1921Лос Анџелес, 29 јуни 1995) - американска филмска глумица[1][2].

Животопис[уреди | уреди извор]

Во 1958 година, нејзината ќерка Черил Крејн со нож го убила љубовникот на мајка ѝ, познатиот гангстер Џони Стомпаната.[3]

Лана Тарнер починала од рак на грлото, во 1995 година.

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

По потпишувањето на договорот со „МГМ“ во својата шеснаесетта година, Тарнер вниманието на јавноста го привлекла во 1937 година со улога во филмот „Тие нема да заборават“. Најпрвин, таа играла споредни улоги во филмовите, како што е „Љубовта го пронаоѓа Енди Харди“ од 1938 година, но во почетокот на 1940-тите почнала да добива главни улоги: „Џони Игер“ (1941), „Зигфилдовата девојка“ (1941 година) и „Ќе те пронајдам некаде“ (1942). Таа е позната како една од првите холивудски глумици која „вреска“ благодарение на нејзината улога во хорор-филмот „Доктор Џекил и господин Хајд“ (1941). Нејзината популарност траела во текот на 1950-тите, благодарение на филмовите „Градот на илузијата“ (1952) и „Гратчето Пејтон“ (1957) кој ѝ обезбедил номинација за најдобра главна улога на Американската филмска академија. Следниот филм на Лана Тарнер бил „Имитација на животот“ (1959), кој година се покажал како еден од најголемите успеси во нејзината кариера. Тарнер поголемиот дел од 1970-тите и раните 1980-ти години ги поминала во пензија, работејќи повремено, а својот последен филм го снимила во 1991 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 'Lana' Turner Official Now“. Eugene Register-Guard. Eugene, Oregon: UP. May 7, 1950. стр. 6D.
  2. Turner, Lana. Lana,The Lady, the Legend, the Truth, New York, Eltee Productions, 1982;
  3. HRT, Gradić Peyton, američki film (пристапено на 18.10.2020)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]