Мабирејски јазик
Изглед
| Мабирејски јазик | |
|---|---|
| Застапен во | Чад |
| Подрачје | Гера |
| Говорници | 3 (2001) |
| Јазично семејство | афроазиско
|
| Јазични кодови | |
| ISO 639-3 | muj |
Мабирејскиот е афроазиски јазик, дел од групата на чадски јазици од семејството на источночадски јазици. Јазикот е пред изумирање, ако не е веќе изумрен.
Говорници
[уреди | уреди извор]Според податоците од 2001 година, јазикот го зборувале само тројца жители,[1] од кои двајца биле постари брат и сестра во селото Улек. Третиот,Силејмане Дабенга, поглавица на Мабирејците, живеел во Кач.[2] Сите тројца биле во Чад.
Исчезнување
[уреди | уреди извор]Пред педесет години, Мабирејците живееле во 4 големи села во близина на Мабире. Овие села биле Амдамена, Арга, Мамбире и Улек. Заедниците исчезнале по појава на епидемија, а тие што преживеале јазично се претопиле во соседните јазици.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑
- ↑ [мртва врска]
- ↑ Eric Johnson & Cameron Hamm. 2002. "Mabire: A Dying Language of Chad," SIL Electronic Working Papers 2002-002. online Архивирано на 4 октомври 2012 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на мабирејскиот на Проектот на загрозени јазици Архивирано на 11 декември 2019 г.
- Мабирејски јазик на „Етнолог“.