Лу (??) — држава во стараКина за време на Пролетно-есенскиот период. Основана е во X век п.н.е., и нејзините војводи се воделе под презимето Ѓи. Првиот војвода бил Ѓи Поќин, син на Ѓи Тан, тогашен премиер на Џоу. Престолнината била Ќуфу, а државата се протегала главно на централните и јузгозападните регоини на денешната провинција Шандунг. На север се граничела со моќната држава Ќи а на југ со исто така моќната држава Чу. Иако државата Чи била поразена во нејзините походи на Лу (Битка кај Чангшао) во 684 г. пр. н. е., за време на пролетно-есенскиот период државата Лу била во опаѓање. Нејзината политичка моќ подоцна била поделена помеѓу тројцата моќни земјопоседници Ѓисун, Менгсун и Шусун. Во 256 г. пр. н. е. државата Чу ја припојува кон себе државата Лу.