Прејди на содржината

Лудачка кошула (филм од 2005)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Лудачка кошула“ (англиски: The Jacket) – филм на режисерот Џон Мејбери (John Maybury) од 2005 година, снимен по сценариото на Марк Роко (Marc Rocco) и Мејси Таџедин (Massy Tadjedin). Главните улоги ги играат: Адриен Броди (Adrien Brody), Кира Најтли (Keira Knightley), Крис Кристоферсон (Kris Kristofferson) и Џенифер Џејсон Ли (Jennifer Jason Leigh).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Ветеранот од Заливската војна, Џек Старкс, кој страда од амнезија, не може да објасни како се нашол на местото на едно убиство. Затоа, го носат во психијатриска болница каде го лекуваат со експериментална терапија на д-р Томас Бекер, која вклучува таинствени инјекции, сетилна депривација и лудачка кошула. Заробен во болницата, Џек открива дека може да патува во иднината, каде ѝ помага на својата стара познаничка и дознава каква судбина го чека...

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Košulja, američko-njemački film (пристапено на 26.3.2022)